Шефот на Формула 1, Стефано Доменикали, се осврна на најавите дека Турција може да се вклучи во календарот во 2027 година.
„Не е потврдено. Новите трки што доаѓаат ќе се реализираат на патеки а не со улични кругови. Тие имаат добро тркачко минато“- рече Доменикали пред стартот на новата сезона во Бахреин.
Ќе потсетиме дека од сезоната 2027 во распоредот сигурно ќе биде вметната трката за Големата награда на Португалија во Портимао.

