Украинскиот пливач Андреј Говоров е нов светски рекордер на 50 метри пеперутка. На митинг во Рим, Италија, Говоров успеа да го собори актуелниот најдобар планетарен резултат за 16 стотинки.
Тој исплива со време од 22,27 секунди и успеа да го подобри досегашниот најдобар резултат на Шпанецот Рафаел Муњоз, поставен во 2009 година.
На итото натпреварување, Русинката Јулија Ефимова на патеката од 200 метри градно успеа да го исплива најдобриот резултат оваа сезона.