Шефот на тимот на Ферари, Фредерик Васер, проговори за наредната сезона во која ќе има нови правила околу моторите на болидите во Формула 1 како и дел технички измени.
„Мислам дека ќе биде возбудливо – освен ако, се разбира, некој не почне да доминира. Освен ако не сме ние! Ако сме ние, тогаш сè е во ред! Ќе биде спектакуларно шоу“ – изјави Французинот.
Екипите во Ф1 во континуитет работат на новите возила кои ќе имаат драстични промени пред се во погонскиот дел и шасијата.

