Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Вечерва се вози Ф1 трка низ улиците на Мајами, Серхио Перез ја има пол-позицијата
    Меѓународен микс

    Вечерва се вози Ф1 трка низ улиците на Мајами, Серхио Перез ја има пол-позицијата

    risteBy riste07/05/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Формула 1 се пресели на друг континент. Викендов најдобрите возачи во овој спорт се во САД, каде на улиците на Мајами во Флорида се одржува трката за Големата награда на САД, а квалификациите се одржаа синоќа. Според нив може да очекуваме интересна трка и многу драма на патеката.

    Квалификациите беа прекинати на две минути пред крајот откако возачот на Ферари, Шарл Леклер излета од патеката, судиите веднаш покажаа црвено знаме и во тој момент беа регистрирани постигнатите резултатите на возачите. Истите резултати направија да имаме интересен стартен состав на денешната трка. Пол-позицијата му припадна на Серхио Перез во Ред Бул, а со Мексиканецот во првиот стартен ред ќе биде и искусниот Фернандо Алонсо со Астон Мартин.

    Вториот стартен ред го сочинуваат Карлос Саинц во Ферари и Кевин Магнусен во Хас. Од петтата и шестата позиција ќе стартуваат Пјер Гасли од Алпина и Џорџ Расел во Мерцедес. Седмото и осмото место му припадна на Шарл Леклер, кој ја предизвика паузата со своето излетување со болидот на Ферари, а до него ќе биде Естебан Окон.

    Лидерот во шампионатот и актуелен светски шампион, Макс Веерстапен во болидот на Ред Бул, ќе стартува од деветтата позиција. Верстапен извозе само еден круг во кој направи грешка и немаше шанса да ја поправи, бидејќи квалификациите беа прекинати. Трката за ГН на САД низ улиците на мајами се вози вечерва, а стартот е во 21.30 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Верстапен тргнува прв на ГН на Монако

    27/05/2023

    Давидовски на Спа ќе вози против најдобрите од ТЦР Светската серија

    27/05/2023

    Верстапен имаше мали проблеми на тренингот

    27/05/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Алегри го објави датумот на кој ќе се решава неговата иднина
    • Челзи е подготвен да го сруши трансфер рекордот на Реал за да го купи Винисиус
    • Романо: „Лионел Меси заминува од ПСЖ, донесена е одлука“
    • Алварез може да го напушти Манчестер Сити поради Халанд
    • Бостон со звукот на сирената се избори за мајсторка против Мајами
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.