Кошаркарот на Мајами, Двејн Вејд, призна дека бил на чекор од објавување на своето пензионирање, но во последен момент се договори за нова соработка со Мајами и реши да ја одигра и следната сезона.
„Во одреден момент, моите шанси за завршување на кариерата беа околу 90%. Размислував за тоа и бев подготвен“, призна Вејд во едно интервју за американските телевизи.
Претстојната сезона ќе биде 16-та за Вејд во НБА лигата. 36-годишниот кошаркар од овие 16 сезони дури 14 помина како кошаркар на Мајами, а играше по една сезона и за Чикаго и Кливленд.