Едно од највпечатливите имиња во НБА лигата, Двејн Вејд, вели дека во моментов има само две опции за неговата иднина. Првата е останување во Мајами, а втората е пензија.
„Немам резервна опција. Бев исклучително искрен со луѓето кои не беа рамнодушни кон мене кога зборував за моите мисли. Откако се вратив во Мајами, секогаш кажував што значи ова место за мене. Во првото интервју реков дека нема да одам никаде на друго место. Моето семејство живее тука, моите деца растат тука. Значи, ако јас не сум следната сезона во Мајами, тогаш веројатно ќе одам во пензија. Парите не се важни сега“, вели Вејд во интервју за американските медиум.