Ѕвездата на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама, е се поблиску до враќање на терените откако го истегна листот на ногата.
Според главниот тренер на тексаншаните, Мич Џонсон, Французинот изгледа сè подобро на тренинзите и ќе патува за Лос Анџелес за гостувањето против Лејкерси, кое ќе се одржи на 11 декември.
Вембањама е надвор од терените од средината на ноември. Тој настапи на 12 натпревари оваа сезона, со просек од 26,2 поени, 12,9 скока, 4 асистенции и 3,6 блокади.

