Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, по Гран Прито на Канада истакна дека за да се натпреварува со Мекларен за титула, тимот треба да продолжи да работи на подобрување на болидот.
„Последниот викенд беше добар, но повторно не бевме доволно конкурентни. Како што реков претходно, понекогаш имаме моменти кога имаме можност да победиме на трка. Но, генерално, само треба да го направиме нашиот автомобил побрз. Тогаш ќе си го олесниме животот многу. А во тимот работиме напорно за да ја постигнеме таа цел. Секако, тимот сè уште има планирано некои надградби. Но, дали тоа ќе биде доволно? Не знам. Но, во Ф1, дури и најмалите детали можат да дадат забележителна предност“, вели Верстапен.

