Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, победи на две трки оваа сезона, вклучувајќи го и спринтот во Спа. Но, пред летната пауза, возачот на Ред Бул изјави дека се сомнева дека ќе може повторно да победи оваа сезона.
„Ако работите продолжат како што се сега, повеќе нема да можеме да победуваме“, рече Макс Верстапен.
„Не можам ништо да сменам во оваа ситуација. Можам да се налутам, но тоа нема да го направи мојот болид побрз. Пробавме многу различни решенија, но ништо не функционира во моментов. Имам уште неколку идеи, но не можам да им кажам на медиумите. Само треба да почекаме и да анализираме сè по секој викенд од трката. На крајот на краиштата, овие резултати повеќе не ме загрижуваат бидејќи не се бориме за ништо“ заврши Верстапен.

