Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Верстапен оди кон нова титула, „еден-два“ победа на Ред Бул во Белгија
    Меѓународен микс

    Верстапен оди кон нова титула, „еден-два“ победа на Ред Бул во Белгија

    risteBy riste30/07/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Продолжува доминацијата на Ред Бул во Ф1 шампионатот. Макс Верстапен од Ред Бул забележа нова победа, овој пат на легендарната „Спа Франкошамп“ во Белгија. Зад него беше неговиот колега Серхио Перез, со што Ред Бул дојде до уште една „еден-два“ победата во шампионатот. 

    Актуелниот светски шампион го презеде водството во седумнаесеттиот круг и сосема заслужено стигна до нов триумф во оваа доминантна сезона за својот тим, кој има шанси да биде првиот во историјата кој триумфирал на сите трки во сезоната. 

    Верстапен стигна до осмата последователна победа сезонава (вкупно 45 во кариерата) и десетта оваа сезона и на најдобар можен начин најавува дека повторно ќе ја освои титулата во Формула 1 шампионатот. Оваа победа за холандско-белгискиот возач е уште послатка, затоа што ја забележа на „домашен терен“, а публиката беше презадоволна од неговиот настап.

    Веднаш зад двоецот на Ред Бул беше Шарл Леклер од Ферари, а зад него беше седумкратниот светски првак Луис Хамилтон, кој воедно го извозе и најбрзиот круг на трката. Бодови успеаа да освојат уште Алонсо, Расел, Норис, Окон, Строл и Цунода.

    Следната трка е на програмата викендот меѓу 25 и 27 август и ќе се вози на уште еден домашен терен за Верстапен, а тоа е Големата награда на Холандија. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Бањаја откри дека имал проблем со сопирачките

    25/09/2023

    Саинц има забелешка на командите од боксот

    25/09/2023

    Етиопијката Асефа го собори светскиот рекорд во маратон

    24/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Сергеј Ребров го објави списокот на играчи за мечот со Македонија
    • Прекинатото дерби Ајакс- Феенорд ќе се доигра утре
    • Рајс е полесно повреден, викендов се враќа на терен
    • Само што го купија Онана, Манчестер Ј. сега гледаат нов голман
    • Џон Тери ќе биде нов директор на Ал Шабаб
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.