Макс Верстапен триумфира на Големата награда на Сингапур во Формула 1, остварувајќи ја втората последователна победа во шампионатот и првата во кариерата на патеката „Марина Беј“.
Холанѓанецот, кој стартуваше од пол-позицијата, го задржа Шарл Леклер зад себе и славеше со предност од 7,3 секунди пред возачот на Ферари. Третото место му припадна на Кими Антонели, лидерот во генералниот пласман.
Ландо Норис заврши четврти, пред Оскар Пјастри, додека Луис Хамилтон беше шести.
Антонели останува лидер во шампионатот со 340 бодови, 102 повеќе од Џорџ Расел. Кај конструкторите води Мерцедес со 578 бодови, пред Ферари.
Следната трка во Формула 1 е Големата награда на САД, која ќе се вози од 23 до 25 октомври во Остин, Тексас.

