Ако возачите на Ред Бул уште еднаш предизвикаат инцидент на патеката во Формула 1, австрискиот тим ќе воведе наредби од боксот, се закани спортскиот директор на тимот, д-р Хелмут Марко.
Макс Верстапен и Даниел Рикардо беа сериозно предупредени од страна на раководството откако тимот загуби премногу бодови поради глупавата ситуација во Азербејџан. Иако Кристијан Хорнер рече дека возачите ќе имаат целосна слобода во донесувањето на одлуките, очигледно Хелмут Марко има сосема поинаков став.
„Ако се случи нов ицидент со нашите две возила, тогаш ќе мораме да воведеме тимски наредби од боксот иако сме против таквиот начин на работа“ – вели Марко.