Макс Верстапен и Ред Бул триумфираа на ГН на Франција попладнево на патеката “Пол Рикар“. Супер интересен финиш, во кој Верстапен во претпоследниот круг успеа да го мине Хамилтон, до крајот ја задржа првата позиција и со тоа дојде до третата победа сезонава или вкупно 13 во својата кариера.
Поважно е што Верстапен ја зголеми бодовната разлика на 12 бода во однос на Луис Хамилтон. На трето место заврши Серхио Перез, а чевртото место го освои Валтери Ботас.