Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата за спринт трката во рамките на ГН на САД, 19 трка од актуелниот шампионат во Формула 1, што овој викенд се вози на патеката во Остин, главниот град на Тексас.
Холанѓанецот уште еднаш демонстрираше врвно возење и стабилност во квалификациските услови, осигурувајќи ја првата стартна позиција пред Ландо Норис од Мекларен, кој ќе тргне од втората позиција.
Третиот на стартот ќе биде неговиот клупски колега и моментален лидер во генералниот пласман, Оскар Пјастри, што ветува интересна спринт трка.
Спринт трката ќе се вози вечерва од 19:00 часот и ќе брои 19 круга, додека квалификациите за главната трка се закажани вечерва од 23:00 до полноќ. Главната трка на Големата награда на САД ќе се вози во недела од 21:00 часот, во должина од 56 круга.

