Макс Верстапен ќе стартува од првата позиција на денешната трка од Формула 1 шампионатот која се вози на патеката во Остин за ГН на САД.
Верстапен дојде до најдобро време во квалификациите во последниот круг кога оствари набрзо време и обезбеди пол позиција на вечерашната трка. Покрај него од првиот ред ќе стартува Луис Хамилтон, со кого се во жестока битка за шампионската титула.
Третата позиција му припадна на Серхио Перез од Ред Бул, а иако Валтери Ботас обезбеди четврто место, ќе стартува од деветтата позиција поради менувањето дел од моторот, што му донесе казна. Чарлс Леклер со своето Ферари ќе го пополни неговото место и ќе тргне од вториот ред, односно четвртатат позиција.
Трката за ГН на САД на патеката во Остин својот старт ќе го има вечерва со почеток од 21:00 часот.