Макс Верстапен дојде до голема победа на трката за Големата награда на Унгарија. Холанѓанецот и покрај тоа што стартуваше од десеттата позиција, сепак успеа да стигне до самиот врв и да заврши на првото место на подиоумот.
Трката на патеката „Хунгароринг“ покрај Будимпешта донесе многу возбудувања и пресврти. Неколку возачи беа на првата позиција, но на крај шампионот успеа да ја победи конкуренцијата и дополнително ја зголеми предноста во генералниот пласман.
Двата возачи на Мерцедес му правеа друштво на Верстапен на подиумот. Луис Хамилтон продолжи со одличните резултати и го освои второто место, а неговиот клупски колега Џорџ Расел заврши на третото место.
Денешната трка не беше успешна за Ферари затоа што Карлос Саинц заврши на четвртата позиција, потоа следуваше Серхио Перез, а шести заврши Шарл Леклер од Ферари.