Актуелниот светски шампион Макс Верстапен е победник на трката за ГН на Шпанија во Формула 1, која денеска се возеше на патеката „Каталуња“ во Барселона. Верстапен беше убедлив и водеше од почеток до крај и не дозволи никакво изненадување.
Со оваа победа Верстапен дојде до трета победа во низа, а вкупно петта сезонава. Со доминантно возење стигна до четириесеттата победа во кариерата. Зад него низ целта помина Луис Хамилтон, кој доцнеше дваесет секунди, а на третото место заврши Џорџ Расел. Бодови освоија уште Сајнц, Строл, Алонсо, Окон, Жу и Гасли.
Макс Верстапен е сега на само една победа од легендарниот Аиртон Сена, а сезонава досега запиша 170 бодови зад своето име. Втор во генералниот пласман е Серхио Перез со 117 бодови, додека на третото место е Фернандо Алонсо со 99 бодови.