Екипата на Вилијамс во Формула 1, објави дека Логан Сарџент нема да настапи на вториот слободен тренинг пред трката за Големата награда на Јапонија.
Тој на патеката – „Сузука“ доживеа тешка несреќа во првото возење. Тимот потврди дека е оштетена суспензијата и менувачот но, не и шасијата.
Вилијамс нема резервен болид и затоа ќе се обиде да го поправи возилото за саботните квалификации.