Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Влхова со фантастична втора трка стигна до злато во слалом во Пекинг
    Меѓународен микс

    Влхова со фантастична втора трка стигна до злато во слалом во Пекинг

    risteBy riste09/02/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Петра Влхова oд Словачка е олимписка шампионка во слалом на ЗОИ во Пекинг. Таа имаше фантастична втора трка и успеа да ја надополни негативата која ја имаше по првата трка кога беше дури осма по првото возење, но во второто блескаше и на крај имаше најдобро време на патеката (1:44,98).

    Освојувачката на минатогодишниот Кристален глобус, стигна до својот прв олимписки медал, и тоа златниот, во нејзината омилена дисциплина, во која досега има остварено 17 победи во Светскиот куп.

    Веднаш зад Влхова се пласираше Катарина Линцбергер од Австрија која имаше осум стотинки заостанување зад победничката. Бронзата ѝ припадна на Венди Холденер од Швајцарија со заостанување од 12 стотинки од Влхова. За неа ова е четврти олимписки медал, а на претходните ЗОИ во Пјонгчанг го освои среброто во слалом. Изненадување беше тоа што големиот фаворит Микаела Шифрин не ја заврши трката, поради пад уште во првата трка.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ништо од боксерскиот спектакл: Усик и Фјури не можат да се договорат

    22/03/2023

    Верстапен не е задоволен од второто место

    20/03/2023

    ВБА им постави ултиматум на Фјури и на Усик

    20/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Патот кон ЕП го започнавме со победа
    • Семин: Кварацелија игра неверојатно добро
    • Гетце: треба да се вратиме на победите
    • Будка: фановите ги почитуваат руските фудбалери
    • Тотенхем гледа во Компани замена за Конте
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.