Австралиецот со македонски корени, Александар Волкановски, ја одбрани титулата во пердув категорија по победата над Диего Лопес на UFC 325 одржан синоќа во Сиднеј, Австралија.
Волкановски победи по пет рунди, остварувајќи ја втората победа над истиот ривал. Победата дојде по онаа од минатиот април на UFC 314, кога Волкановски победи со едногласна одлука на судиите.

