Приближно 35 милиони луѓе низ Соединетите Американски Држави и Канада го гледале финалето на машкиот хокеарски турнир на ЗОИ во Милано и Кортина, во кој Американците ги победија Канаѓаните со 2-1 во трилер со продолженија 3 на 3. Тоа беше најгледаниот од сите настани на Игрите во 2026 година.
Околу 26 милиони гледачи во САД го гледаа победничкиот натпревар на Американците што го прави најгледаниот спортски настан во историјата на САД со време на почеток пред 9 часот наутро и вториот најгледан хокеарски натпревар на NBC Sports досега. Во Канада, 8,7 милиони луѓе беа вклучени да го гледаат продолжението, се вели во најновите анализи.

