Швајцарката Корин Зутер дојде до својата втора победа во кариерата, откако победи на супервелеслаломската трка во германскиот Гармиш Партенкирхен.
Зутер прва помина низ целта со време од 1:19,46 што беше доволно за победа, оставајќи ги зад себе Никол Шмидхофер од Австрија со задоцнување од 0,43 секунди. На третото место се пласираше Венди Холденер од Швајцарија со 0,70 секунди задоцнување. Италијанката Федерика Брињоне се пласираше на 5-то место со што повторно освои бодови со кои ја намалува предноста на Микаела Шифрин.
Брињоне сега е втора со 1080, додека Американката е лидер со 1225 освоени бодови во Светскиот куп. Шифрин овој викенд не настапи во Светскиот куп поради ѕоа што почина нејзиниот татко, а најверојатно ќе ги прескокне и натпреварите кои ќе бидат следниот викенд.