Уште една извонредна вечер за Лука Дончиќ и Далас Маверикс. Маверикс го совладаа ослабениот Сан Антонио Спарс со 117-110 на домашен терен, а Дончиќ допринесе со неверојатни 42 поени (од кои 17 постигна во првата четвртина), 11 скокови и 12 асистенции. Ова е првпат Словенецот да ја надмине границата од 40 поени во НБА лигата.
Со ова достигнување, тој направи голем број нови рекорди: стана првиот Словенец во најсилната кошаркарска лига со вакво остварување, првиот играч на Маверикс со ваква статистика, и само вториот 20-годишник кој постигна најмалку 40 поени и трипл-дабл на меч во НБА лигата. Првиот со ваков рекорд е Леброн Џејмс.
Победата над Сан Антонио е осма победа на Далас во сезоната.
РЕЗУЛТАТИ:
Њујорк – Кливленд 123:105
Бруклин – Индијана 86:115
Торонто – Шарлот 132:96
Чикаго – Милвоки 101:115
Хјустон – Портланд 132:108
Далас – Сан Антонио 117:110
Феникс – Бостон 85:99
Јута – Минесота 102:112
Л.А. Клиперс – Оклахома 90:88