Нашата женска одбојкарска репрезентација ги доби противниците за ЦЕВ Сребрената Европска лига 2025. Тоа се: Австрија, Швајцарија, Летонија, Израел, Грузија, Луксембург, Фарски Острови и Исланд. Македонија ќе биде организатор на првиот турнир (30 мај-1 јуни) кога ќе ги одмери силите со Луксембург и Швајцарија. На вториот (6-8 јуни) ќе играме со домаќинот Фарски Острови и со Австрија. Во третиот викенд (13-15 јуни), Македонија ќе се соочи со организаторот Израел и Грузија. Македонската женска одбојкарска репрезентација дебитираше во Сребрената Европска лига во 2023 година.
Author: dino
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, вели дека новиот тренер, Рубен Аморим, ќе донесе новитети во екипата. „Најзначајно е како ќе се поврзе со играчите. Тој секогаш ги бранеше фудбалерите на прес-конференциите. Имаше млад тим и мораше тоа да го прави“ – потенцираше Фернандеш за новиот предводник на „црвените ѓаволи“. Аморим дојде од екипата на Спортинг Лисабон. Тој на клупата на Јунајтед го замени Ерик тен Хаг.
Челниците на Манчестер Јунајтед би можеле да го ангажираат 18-годишниот бразилски фудбалер Лоран кој ги брани боите на Фламенго. Англискиот клуб размислува во трансферот да го вклучи и Ентони кој во сезонава има само 4 натпревари и 1 гол. Неговиот договор е до летото во 2027 а трансферната сума се движи до 20 милиони евра. Се претпоставува дека „црвените ѓаволи“ за потписот на Лоран ќе издвојат максимум 10 милиони евра.
Голманот, Џејмс Рајмер, се врати во екипата на Бафало. Неговиот договор со плата од 1 милион долари на годишно ниво ќе биде докрајот на сезоната 2024/25. Хокеарот во јули се пресели од Детроит во Бафало а веќе во октомври замина во составот на Анахајм на местото на Саберс. Тој во сезоната 2024/25, одигра 2 натпревари со солиден просек на одбранети шутеви кон неговиот гол.
На Барселона и требаат околу 50 милиони евра за да го ангажира играчот од средниот ред Дани Олмо за вториот дел од сезоната, пренесува –„ Football Espana“. Повредите на голем број играчи на каталонскиот клуб во почетокот на сезоната овозможиле Олмо да биде пријавен до 31 декември. Сега, Каталонците нема да можат да го користат таквиот метод и ќе мораат да ја платат сумата за регистрација.
Кливленд ја победи Филаделфија со 114:106 со што го забележа 13-от триумф од почеток на сезоната кој го смести меѓу шесте екипи што имаат таков ефект. Кошаркарот, Донован Мичел, постигна 23 поени, 13 скока и 9 асистенции и не успеа да постигне трипл-дабл. „Тоа беше себичен момент. Сè уште не сум имал трипл-дабл во кариерата. За малку ќе го изгубев натпреварот. Уште еднаш им се извинувам на навивачите и на соиграчите“ – рече играчот на Кливленд.
Кошаркарот на „Вориорс“, Дрејмонд Грин, проговори за натпреварот против Далас. Голден Стејт на домашен терен ги совлада Маверикс а Стеф Кари постигна 37 поени. „Му пишав на Стеф вечерта да му кажам да биде подготвен за натпреварот. Тој рече дека нема да одржи говор . Се обиде да стапи во контакт со Клеј но, тој го игнорираше“ – вели Грин. „Клеј Томпсон беше одличен и одигра супер натпревар но, загуби“ – беа дел од зборовите на Грин.
Фудбалерите на Шпанија ги очекуваат последните два меча во Лигата на нации. „Фуријата“ ќе игра со Данска и Швајцарија а нејзиниот селектор, Луис де ла Фуенте, верува дека ќе бидат остварени две победи. „Реков дека натпреварување е тешко, нема групна фаза, ние сме 16-те најдобри селекции во Европа. Сите мечеви во плеј-оф се многу тешки“ – вели Фуенте. „Имаме одлична генерација и максимално се обидуваме да го искористиме квалитетот“ – рече Фуенте.
Поранешниот предводник на ракометарите на Вардар, Раул Гонзалес, е нов селектор на репрезентацијата на Србија. Шпанецот на кормилото на нашиот северен сосед ќе го наследи неговиот сонародник, Тони Херона. Гонзалес се согласил на четиригодишна соработка што значи дека може да ја води Србија и на Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година. Еден од најтрофејните ракометни тренери, успеа со Вардар да ја освои Лигата на шампионите во 2017 година.
Сојузот на Спортови на Скопје денеска ја додели наградата 13 Ноември која традиционално од 1970 година па наваму, ја доделува оваа спортска институција, по повод денот на ослободување на Скопје. Наградата се доделува за особени заслуги во развој и унапредување на спортот како и за врвни спортски достигнувања на заслужен спортист, тренер, професори по спорт, спортски новинари, спортски работници и награди за животно дело во областа на спортот. Наградата во 2024 година ја добиja: Дарио Ивановски – Спортист – Атлетика Игор Јакимовски – Тренер Атлетика Марјан Угриновски, Професор во Основно училиште Јан Амос Коменски Мирјана Крстевска – Професор во СУГС…