Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го посочи тимот кој не сака да го има за противник доколку „кралевите“ не успеат да влезат во Топ 8 и да ја скокнат првата фаза на елиминации. „Според мене, ќе биде добра вест ако Манчестер Сити не ни се најде на патот. Навистина го мислам тоа бидејќи Сити и натаму е сериозен фаворит за освојување на Лигата на шампионите“ – потенцира Италијанецот. Познато е дека со новиот формат во ЛШ, првите 8 екипи ќе бидат слободни во наредната фаза додека тимовите од 9-то до 24-то место ќе играат во елиминации.
Author: dino
Тренерот на фудбалерите на Бенфика, Бруно Лаге, не е незадоволен од судењето на Дани Мекеле на вчерашниот меч со Барселона во Лигата на шампионите. „Да се постигнат четири голови и да се прикаже таков фудбал е одлично но, начинот на кој загубивме е фрустрирачки“ – вели Лаге. „ Во 94 минута, мислам дека беше груба грешка на судијата. Тој мора да ги толкува таквите ситуации идентично, ако досудите пенал во корист на противникот, тогаш досудете го и тука“ – рече тренерот на Бенфика.
Фудбалерите на Аталанта конечно ја прекинаа лошата серија откако го совладаа Штурм со убедливи 5-0 во седмото коло во Лигата на шампионите. Нивниот тренер, Џан Пјеро Гасперини, вели дека триумфот им бил потребен за враќање на самодовербата. „Ни требаше победа. Таа дојде во вистинско време. Добро ни оди на турнирот“ – изјави Гасперини. „Натпреварите од Лигата на шампионите носат голем престиж. Тоа ќе биде голем поттик за нас да се соочиме со Барселона“ – потенцираше тренерот на екипата од Бергамо.
Фудбалерот на Барселона, Рафиња, влегол во жестока расправија со играчите на Бенфика по вчерашниот меч во Португалија одигран во рамките на Лигата на шампионите. Медиумите на Пиринеите наведуваат дека домаќините му се нафрлиле на Рафиња а во целата ситуација се вклучиле и дел од Каталонските играчи. Бидејќи несаканите сцени биле забележани и од официјалните лица, лесно може да се случи УЕФА да одреди санкции за дел од инволвираните.
Леброн Џејмс го повтори уникатното достигнување на Карл Мелон. Кошаркарот на ЛА Лејкерс имаше 21 поен, 10 скока и 13 асистенции во победата над Визардс од 111:88. Џејмс (40 години, 23 дена) стана вториот во историјата на НБА по легендарниот Карл Мелоун, кој забележал трипл-дабл на 40 или повеќе години. Мелон тоа го направи а возраст од 40 години и 127 дена.
Грег Попович треба да се врати на тренерската работа. Според извршниот директор на Сан Антонио, Р.Ц. Бафорд, клубот очекува 75-годишниот тренер повторно да го води тимот во некоја фаза. „Тој е се подобар секоја недела. Не можеме точно да кажеме кога ќе се врати, но, тоа ќе се случи во одреден момент“, рече Бафорд. Попович пред да доживее мозочен удар, го водеше тимот на првите пет средби на стартот на сезоната.
Ерлинг Халанд откако го продолжи договорот со Манчестер Сити до летото во 2034 година, вели дека немал дилеми и дека веднаш ја прифатил понудата од „граѓаните“ за продолжување на соработката. „Кога дојдов во Сити, се чувствував како дома. Навистина го мислам тоа. Среќен сум и моето семејство е среќно. Ме убедија дека останувањето овде е најдоброто решение“ – рече Норвежанецот и веднаш се насочи кон на прашањето дали некогаш може да заигра за Реал или Барселона. „Штотуку продолжив за девет години. Многу сум среќен со одлуката што ја донесов” – рече корпулентниот голгетер.
Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено 29-29 во првиот меч од втората фаза на Светското првенство во Хрватска. Попаднево пред скоро празни трибини во арената Вараждин, нашите ракометари по голема битка на теренот која траеше 60 минути успеаја да останат непоразени на дуелот со Австријците. Иако имавме одлична предност од 2-3 гола во текот на целото прво полувреме, со засилен финиш Австрија на одмор замина со гол-предност (14:13). Во второто полувреме до средината Австрија диктираше темпо и ја одржуваше предноста, а ние успеавме во последните 10 минути да се вратиме комплетно во мечот, па дури и да поведеме, а во финишот…
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, објасни зошто „граѓаните“ не можат да ангажираат напаѓач од типот на Мбапе. „Ѕвездените голгетери нема да дојдат кај нас да го заменат Халанд. Треба да најдеме млад играч кој ќе ја прифати оваа улога или играч како Боб, Мекаити, Фоден. Не можеме да одиме да го купиме, на пример, Мбапе“ – изјави Гвардиола. „Граѓаните“ утре ги чека меч со францускиот ПСЖ во новата рунда во Лигата на шампионите.
Скаутите на Баерн Минех утре ќе го следат настапот на Осман Диоманде кој со неговиот Спортинг Лисабон ќе гостува кај Лајпциг во меч од Лигата на фудбалските шампиони. Медиумите денеска наведуваат дека Германците размислуваат за можен трансфер на 21-годишниот репрезентативец од Брегот на Слоновата Коска. Според изворот, тимот од Лисабон нема да го продаде фудбалерот за помалку од 50-60 милиони евра. Диоманде има договорот до 2027 година.
