Author: dino

Фудбалерот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, поради повреда на мускулот на левата тетива ќе отсуствува три недели, наведуваат медиумите во Шпанија. Тој се повреди на последниот меч со Селта во рамките на Купот на Шпанија и ќе има подолг процес на рехабилитација. Камавинга во сезонава на 17 натпревари постигна еден гол и направи две додавања за погодок. Неговото отсуство е нов удар за „кралевите“ кои имаат десеткуван ростер поради голем број на повредени играчи.  

Read More

Со 13 досудени пенали, два црвени картони и седум исклучувања, Македонија не можеше да се спаси од пораз на мечот со Холандија во 2. коло од групната фаза на Светското првенство (37:32). Вечерва во Вараждин видовме чуден судиски критериум на данската судиска двојка Мадсен/Хансен, кои на моменти како да чекаа начин како да им помогнат на Холанѓаните да земат залет кон победа на дуелот со нашата репрезентација. Без разлика на сите случувања на теренот, Македонија одигра уште еден цврст натпревар во кј до последните две минути се одржувавме во игра и за позитивен резултат. Холандија во финишот на првиот дел…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, потпиша нов договор со „граѓаните“ до 2034 година, објавија медиумите во Англија. Норвежанецот ќе има и клаузула за заминување од Манчестер во висина од над 150 милиони евра и тоа најрано во јули во 2029 година. „Одлуката беше лесна. Манчестер Сити е посебен клуб со фантастични луѓе и неверојатни навивачи. Исто така, би сакал да му се заблагодарам на Пеп, неговиот тим, моите соиграчи и воопшто на сите во клубот што ми помогнаа толку многу во изминатите неколку години“ – изјави Халанд.

Read More

Фудбалерот, Хвича Кварацхелија, кој направи трансфер во францускиот гигант ПСЖ, ги искористи социјалните мрежи и се прости од италијанскиот Наполи. „Неапол беше мојот дом, сè уште размислувам за патувањето низ кое поминавме заедно и тоа ми носи многу емоции“ – рече Грузиецот во видеото на интернет. „Сакам да им се заблагодарам на сите вработени во клубот, тренери, секој член на персоналот, партнери и навивачи“ – беа дел од зборовите на Кварацхелија

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, имаше само пофални зборови за младиот напаѓач, Амад Диало, кој со три гола на вчерашниот меч со Саутемптон донесе голем пресврт на стадионот – „Олд Трафорд“. „Тој заврши одлична работа но, има уште многу да се подобри. Денеска играше на друга позиција и ги искористи квалитетите“ – рече Португалецот. „Тој има иста одговорност како и секој друг играч на Јунајтед. Тој мора да продолжи да работи“ – изјави Аморим.

Read More

Медиумите во Англија тврдат дека Манчестер Сити постигнал договор со Ајнтрахт Франкфурт за трансфер на фудбалерот, Омар Мармуш. „Граѓаните“ ќе платат за неговиот потпис 80 милиони вклучително со бонуси. 25-годишниот египетски репрезентативец ќе потпише договор до 2029 година. Мармуш со 15 голови се наоѓа на второто место на листата на стрелците во Бундес лигата веднаш зад играчот на Баерн Минхен, Хари Кејн.

Read More

Бразилскиот фудбалер, Нејмар, нема да биде пријавен за вториот дел од сезоната во Саудиска Арабија, потврди тренерот на Ал Хилал, Жорге Жесус. Брзоногиот голгетер кој поголем период беше надвор од терените поради повреда, веројатно ќе го напушти тимот во наредниот период. За неговите услуги е заинтересиран составот на Интер Мајами од МЛС Лигата во САД.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Барселона, Ханси Флик, кој има тековна соработка до 2026 година, веројатно ќе добие понуда да остане подолго кај Каталонците. Шпанскиот соста е презадоволен од работата на  Германецот и затоа сака да го задржи на стадионот – „Камп Ноу“. Се очекува со новиот договор да се зголеми драстично и неговата плата. Флик неодамна изјави дека му се доаѓа во Барселона.

Read More

Нашиот пивот, Жарко Пешевски, очекува уште еден добар меч на Светското првенство во Данска, Норвешка и Хрватска. Втор противник на Македонија во групната фаза ќе и биде селекцијата на Холандија. Мечот ќе се реализира утре во арената во Вараждин. „Максимално се фокусираме на Холандија, заборавме што се случуваше против Унгарија, немавме среќа да победиме, но ремито е одличен резултат. Мислам дека максимално сме мотивирани“ – вели Пешевски. „Утре излегуваме максимално мотивирани и се надеваме дека ќе стигнеме до добар резултат. Тие се побрзи од Унгарците, имаат одлични индивидуалци, ќе биде сосема различен меч, но, подготвени сме и мислам дека имаме…

Read More

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, проговори за утрешниот меч против Холандија (18.00) во рамките на 2 коло во нашата група на Мундијалот во Данска, Хрватска и Норвешка. „Јас ќе бидам задоволен ако излеземе на терен и ако се бориме 60 минути како што се боревме со Унгарија и претходно на контролата со Хрватска“ – изјави Лазаров. „Холандија е селекција што не е толку крупна физички и агресивна во нападот и во одбраната како што тоа беше Унгарија, но Холанѓаните ги краси брза игра и мислам дека помалку ни одговараат како ривал“ – нагласи Лазаров.

Read More