Author: dino

Приматологот и активист, Џејн Гудал, којa е амбасадор на ОН, се приклучи на кампањата на Меѓународната коалиција за благосостојба на животните (IAWPC) пишувајќи отворено писмо до генералниот секретар на ФИФА, Матијас Грастром. Во писмото се наведуваат можните планови за убивање на кучињата скитници пред Светското првенство во Мароко во 2030 година. Активистите тврдат дека три милиони животни би можеле да бидат убиени во земјата за да ги направат градовите попривлечни за фудбалските навивачи.

Read More

Луѓето од Наполи се заинтересирани за крилниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, објавија дел од медиумите на „Чизмата“. Италијанците сакаат да го ангажираат крилниот напаѓач во текот на месецов но, тешко е да се постигне договор бидејќи „милионерите“ ќе бараат голема сума. Договорот на Адејеми со германскиот тим е до 2027 година. Тој во сезонава постигна 2 гола и направи 3 асистенции во Бундеслигата.

Read More

Реал Мадрид е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба. Како што објави „Get French Football News“, мадридскиот клуб размислува за купување на 23-годишниот француски дефанзивец. Претставници на „кралевите“ стапиле во контакт со агентите на играчот за да ги  дознаат неговите барања. Договорот на Салиба со „топчиите“ ќе заврши во 2027 година. Тој во сезонава одигра 20 натпревари и постигна 2 гола.

Read More

Нашите најдобри ракометари денеска ќе го имаат првиот натпревар на Светското првенство во Норвешка, Данска и Хрватска. Избраниците на селекторот, Кире Лазаров, од 20.30 часот во арената во Вараждин, ќе излезат на мегдан со фаворизираниот состав на Унгарија. Во нашата група од 18.00 часот ќе биде мечот меѓу Холандија и Гвинеја. На другите терени во текот на денов ќе играат: Чешка-Швајцарија, Египет-Аргентина, Португалија-САД, Хрватска-Бахреин, Норвешка-Бразил и Германија-Полска.

Read More

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец и тренер, последниот ангажман го имаше во екипата на Тинекс Пролет.   -Тинекс Пролет со огромно жалење ја информира јавноста за прераната смрт на нашиот тренер Александар Јовиќ. Сите сме во шок од информацијата добиена утрово. Немаме зборови да ја опишеме загубата, не само за нашиот клуб, туку и за целокупниот македонски ракомет, соопшти РК Тинекс Пролет. Јовиќ е роден на 24 септември 1973 година во Бјелина, БиХ. Тој играше за Вардар, Металург, Пелистер. Во 2023 година како тренер на Еурофарм Пелистер се израдува на шампионската титула.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Тиаго Мота зборуваше по ремито 1-1 на неговиот тим во 19. коло против Аталанта во Серија „А“. „Дефинитивно не сме задоволни иако го ценам напорот на фудбалерите кои работеа заедно и одиграа одличен натпревар“, изјави Мота. „Секогаш сакаме да победуваме и никогаш не сме имале проблеми со расположението“ – нагласи тренерот на „старата дама“ откако неговиот тим го одигра 13-от нерешен меч во сезонава.

Read More

Тео Ернандез со вчерашниот погодок на мечот со Комо во серија „А“,  стана најефикасниот играч на „росонерите“ кога станува за дефанзивните фудбалери. Тојпостигна еден од головите во победата од 2:1 и така дојде до бројката од 30 -ет што е најмногу во историјата на миланскиот состав. Французинот успеа да го собори рекордот на легендарниот, Паоло Малдини, кој успеа да постигне 29 голови.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Енцо Мареска, вели дека неговиот состав заслужил да победи на мечот со Бурнмаут кој заврши нерешено 2:2. По средбата одиграна на стадионот – „Стемфорд Бриџ“, домашниот тренер направи кратка анализа. „Мислам дека заслуживме многу повеќе особено во првото полувреме. Тоа е фудбалот. Се разбира, најважно е да создаваме шанси“ – вели Мареска. „Денеска примивме гол од пенал, тоа треба да се поправи. Се надевам дека ќе имаме повеќе среќа во иднина” – потенцираше тренерот на „сините“.

Read More

Томас Ертел кој кариерата ќе ја продолжи во Баскет Коруња, призна дека одбил понуди од тимови од Евролигата. „Мило ми е што сум тука. Одбив понуда од Макаби бидејќи ситуацијата таму не е баш пријатна. Други европските екипи исто така дадоа понуди, но, одбрав да останам тука “ – изјави францускиот кошаркар. Тој требаше да потпише договор со гигантот, Барселона, но, тоа сепак не се случи.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, вели дека е задоволен по ремито на теренот на Нотингем Форест кој има одлична серија без пораз. Мечот заврши 1:1. „Не можев да барам повеќе. Второто полувреме беше исклучително. Малкумина можат да создадат толку многу шанси на меч против толку силен противник во одбраната. За жал, не успеавме да го постигнеме вториот гол“ – рече Слот. „Црвените“ со 47 бодови се лидери на табелата. Нотингем го има второто место со 41 бод пред Арсенал со 40-ет бодови.

Read More