Бразилскиот напаѓач, Нејмар, кој веројатно ќе си замине од екипата на Ал-Хилал, ги посочи најдобрите пет голмани во историјата на фудбалот. „На списокот би ги вклучил Виктор Валдез, Клаудио Тафарел, Хулио Цезар, Дида и Маркос“, изјави Нејмар. Брзоногиот фудбалер сака да го раскине договорот со екипата од Саудиска Арабија и да се врати во матичниот состав, Сантош. Тој во сезонава се појави на само два меча откако имаше подолга пауза поради повреда.
Author: dino
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, има реални шанси кариерата да ја продолжи во Барселона, наведуваат денеска дел од медиумите во Англија и Шпанија. Според нив, „црвените ѓаволи“ сакаат да се ослободат од напаѓачот а Каталонците имаат намера да го ангажираат на позајмица бидејќи не сакаат да ја покриваат комплетно неговата висока плата. Во истовреме, Рашфорд одбил неколку понуди бидејќи сака да игра на стадионот – „Камп Ноу“.
Екипата на Спортско Радио 90,3 ФМ која го покрива Светското ракометно првенство во Хрватска, имаше можност да направи интервју со Проторереј Велински, кој пред стартот на Мундијалот им даде благослов на нашите репрезентативци кои се во Вараждин. „Мене ми е мило дека имаме бројна публика од нашата татковина Македонија, и од Хрватска од Словенија, од Австрија, Германија, Италија од секаде. Тоа е убава и богувана работа да ги бодриме нашите репрезентативци. Меѓутоа, кога сме нашле време да дојдеме тука во Вараждин, убаво е да ја посетиме нашата македонска православна црква – Храмот посветен на Света Злата Мегленска. Кога дојдов во…
Првиот човек на фудбалскиот состав Барселона, Хуан Лапорта, сведочеше пред судот под обвинение за наводна измама во износ од 4,7 милиони евра извршена во периодот од 2016 до 2018 год. Тужбата ја поднело семејство кое инвестирало пари од лотаријата во компанија со седиште во Хонг Конг. Добивката од во текот на 2 години требало да биде 792 илјади евра, но, семејството добило само 84 илјади евра а вложената сума не им била вратена. Тужителите тврдат дека договорот бил склучен по совет на Лапорта, дејствувајќи во име на „CSSB Limited“ и како правен советник.
Карло Анчелоти одлучи да го напушти Реал Мадрид по крајот на сезоната. Според изворот, главниот тренер на „кралевите“ решил да поднесе оставка без оглед на постигнатите резултати. Во текстот се наведува дека Италијанецот не сака да се повлече од фудбалот но, нема да ја води бразилската репрезентација. Медиумите пишуваат дека главен кадидат да го наследи Анчелоти е сегашниот тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо.
Кошаркарот, Зион Вилијамсон, кој се соочуваше со повреда, ги коментираше гласините за негова можна размена. „Проблемот со тетивата беше голема пречка но, сега се чувствувам одлично. Јас го сакам Њу Орлеанс. Не знам од каде доаѓа идејата дека не сакам да останам“ – вели играчот на Пеликанс. Вилијамсон од почеток на годинава има просек од 20,8 поени, 8,5 скока и 5,5 асистенции
Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, ја коментираше ситуацијата во клубот. Тој има желба екипата на напредува откако ќе замине. -Тоа е искрена желба. Никој не доживува горчина или се сомнева. Се обидуваме да ја завршиме приказната со помагање на организацијата во иднина“ – вели Кер. „Внимаваме на можните потези. Ајде да изградиме тим околу Стеф Кари за во иднина“ – потенцираше тренерот на Голден Стејт.
Фудбалерите на Борусија Дортмунд продолжија со лошите партии во Бундес-лигата откако загубија на вчерашното гостување кај Ајнтрахт Франкфурт. Нивниот тренер, Нури Сахин, не крие дека е разочаран. „Во првиот дел заостанувавме зад противникот. Им дозволивме на домаќините лесно да дојдат до ситуација да постигнат погодок“ – вели Сахин. „Второто полувреме беше многу подобро. Дејствувавме енергично но, за жал, повторно останавме со празни раце“ – потенцираше тренерот на „милионерите“.
Фудбалерот, Кајл Вокер, ќе го напушти Манчестер Сити и до крајот на сезоната ќе игра како позајмен во екипата на Милан, наведува новинарот Џанлука Ди Марцио. Во неговиот договор ќе има клаузула која ќе му овозможи да остане во Италија доколку „росонерите“ се определат да му понудат перманентен договор. Вокер во 2017 година го напушти Тотенхем и се пресели на стадионот – „Етихад“. Тој во тековнава сезона галвно седи на клупата за резерви и затоа сака да си замине.
Софија Гоџа победи во спустот во италијанскиот зимски центар Кортина Д’Ампецо кој се бодува за Светскиот куп во алпско скијање. Таа успеа да ја помине патеката 1:33,95 минути со што се израдува на втората сезонска победа или 26-та во кариерата. На тој начин Италијанка успеа да ја добие битката со Норвежанката, Каиса Викхоф Ли и Италијанка, Федерика Брињоне, која пак, со освоените бодови се проби на чело во генералниот пласман во Светскиот куп. Во поредокот за малиот кристален глобус во спуст води Брињоне со 189 бодови, пред Гоџа со 180 и Корнелија Хутер (Австрија) со 176.
