Author: dino

NBA

Кошаркарот на Бостон Селтик, Џејсон Тејтум, го постигна својот 13.000-ти поен во кариерата во НБА лигата. На тој начин одличниот поентер стана 11-тиот играч во клупската историја кој достигнал до најмалку 13.000 поени во кариерата. Тејтум беше одличен на мечот со Далас и успеа да реализира 24 поени во победата со 122:107.  

Read More

Лара Гут-Бехрами победи во денешниот Супер-Џ возен во Гармиш Партенкирхен во рамките на Светскиот Куп во алпско скијање. Второто место и припадна на Каиша Вихоф Ли од Норвешка додека трет резултат оствари Фредерика Брињоне од Италија.  Во генералниот поредок за Светскиот куп води Брињоне пред ник Гут-Бехрами и Камил Раст. Во трката за малиот кристален глобус во супер-Џи, лидер е Гут-Бехрами пред Брињоне и Софија Гоџа. Скијачките наредниот предизвик ќе го имаат в четврток во Куршевел. Таму ќе возат слалом.

Read More

Медиумите во Шпанија наведуваат дека фубалерот на Барселона, Педри, сака да го напушти клубот и да замине во Саудиска Арабија. Според-„ Diario Sport“, Саудијците го посакуваат играчот од средниот ред иако засега не се наведува името на тимот. Во информацијата се потенцира дека луѓето од Саудиска Арабија ги направиле првите контакти со агентите на Педри за да ги дознаат неговите услови. Се претпоставува дека Каталонците за неговиот потпис ќе бараат околу 100 милиони евра.

Read More

Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Омер Барада, најави дека се разгледува идејата да се направи нов стадион или да се реновира постоечкиот – „Олд Трафорд“ . Тоа треба да се направи со помош на градот а целиот проект ќе донесе бенифит за Манчестер и секако за клубот. „Изградба на стадион од светска класа може да биде главен катализатор за регенерација на областа на Големиот Манчестер, што бара нови инвестиции за повторно да напредува“ – вели Барада. „ Не можеме сами да ја постигнеме оваа поголема цел, поради што ја поздравуваме одлуката за продолжување на поддршката од градоначалникот на Манчестер како…

Read More

Поранешниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ, кој е дел од Хрватската репрезентација на тековниот Мундијал, во изјавата за Спортско Радио 90,3 вели дека со внимание го следи настапот на нашите ракометари. „Ја гледам македонската репрезентација и воодушевен сум како играат, секоја чест на Кире Лазаров како селектор и на младите играчи предводени од капитенот, Филип Кузмановски, мојот добар пријател. Одлична игра и се надевам дека ќе продолжат со тоа темпо“ – изјави Карачиќ за Спортско радио 90,3 ФМ и се насочи кон наредните мечеви на „коцкестите“. „Не се знае, ништо не се знае. Ние ќе одиме да победиме на секој…

Read More

Челниците на Вулверхемптон немаат намера да го продадат Матеус Куња во зимскиот преоден рок. За 25-годишниот фудбалер се заинтересирани Арсенал и Нотингем Форест но, „волците“ се решени да ги одбијат сите понуди. Куња во сезонава одигра 21 натпревар во Премиер лигата со ефект од 10 голови и 4 асистенци. Неговиот состав се наоѓа на 17-то место на табелата и до крајот ќе води жестока битка за опстанок.

Read More

Фудбалерот на Баер Леверкузен, Виктор Бонифејс, може да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, најавија дел од медиумите. Наводно, клубови од Блискиот Исток размислуваат за можен трансфер на напаѓачот на „фармацевтите“ кој вреди околу 50 милиони евра. Тој во сезонава има осум голови и една асистенција. За потписот на  24-годишниот интернационалец од Нигерија се заинтересирани и неколку екипи од Англија. 

Read More

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, не крие дека е задоволен од вчерашната победа против РБ Салцбург во Лигата на шампионите. „Мораме да продолжиме да постигнуваме голови. Секогаш сакаме да  постигнеме повеќе. Затоа мора да продолжиме да играме како вечерва“ – рече напаѓачот на „кралевите“. „Среќен сум што сум прогласен за играч на натпреварот, но, мислам дека Родриго и Џуд одиграа многу добро. Најважно е тимот да победи“ – рече играчот од Бразил.

Read More
NBA

Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари, го коментираше поразот од Сакраменто. Тој постигна дабл-дабл (14 + 12 асистенции), но потфрли во вториот дел. „Имавме неколку  грешки во третата четвртина. Тие играа агресивна одбрана врз мене. Не искористивме неколку отворени шутеви“ – вели Кари. „Треба да останеме дисциплинирани и да играме едноставни комбинации. Премногу брзавме и им дозволивме да се вратат во игра“ – беа зборовите на Кари.

Read More

Фудбалерите на Арсенал вчера го совладаа Динамо Загреб со 3:0 и направија голем чекор кон 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Тие се во одлична позиција да завршат во Топ 8 и да ги скокнат првите елиминации. Нивниот менаџер, Микел Артета, беше презадоволен по победата против хрватскиот состав. „Направивме промени за да им дадеме шанса на дел од играчите да добијат поголема минутажа. Добро е што победивме“ – рече Артета.

Read More