Author: dino

Аргентинскиот фудбалски интернационалец, Лисандро Мартинез, кој го постигна единствениот гол за триумф на Манчестер Јунајтед на вчерашното гостување кај Фулам, вели дека неговиот состав ја заслужил победата. „Мислам дека имав среќа но, тоа е значајна победа. Задоволен сум од начинот на кој го добивме натпреварот“ – изјави играчот од средниот ред на „црвените ѓаволи“.  Мартинез во сезонава се појави на 30 натпревари со ефект од два гола и две асистенции.

Read More

Расел Мартин по тешкиот пораз од Тотенхем заработи отказ од кормилото на англискиот фудбалски состав Саутемптон. Неговиот тим со само една победа по 16 кола останува закован на дното на табелата во Премиер лигата. На местото на 38-годишниот стратег времено ќе биде Симон Раск кој работи со вториот тим на популарните „светци“. – Би сакале да ја искористиме приликава да им се заблагодариме на Расел и неговиот тим за сета напорна работа и посветеност што ја вложија во клубот во последните 18 месеци“ – стои во објавата на Саутемптон.

Read More

Ракометарите на Хрватска се последните патници во првата елиминациска фаза на Светското првенство кое се реализира во нивната земја во Данска и во Норвешка. Четвртфинални двојки на СП: Хрватска – Унгарија, Франција – Египет, Данска – БразилПортугалија- Германија. Денеска е слободен ден на Мундијалот а од утре започнуваат новите возбудувања. Завршницата на СП е на 2 февруари, во Осло, Норвешка. Финалето ќе биде од 18.00 а мечот за третото место ќе стартува од 15.00 часот.

Read More

Професионалната асоцијација на фудбалски судии (ПГМОЛ) излезе со соопштение за заканите кон судијата Мајкл Оливер поради исклучувањето на дефанзивецот на Арсенал, Мајлс Луис-Скели на натпреварот од 23. коло на англиската Премиер лига со Вулверхемптон. – Полицијата е запознаена со случувањата и веќе се покренати неколку истраги. Ние стоиме со Мајкл и сите  сме посветени на борбата против такво неприфатливо однесување, се вели во соопштението на здружението на социјалната мрежа Х . Судијата Оливер на мечот одигран во саботата се одлучи да го ислучи Скели поради намерен старт врз Мет Доерти со цел да го прекине контра-нападот на домаќините.  

Read More
NBA

Екипата на Далас Маверикс го обезбеди потписот на центарот, Кајлор Кели, (27 години, 213 сантиметри) . Екипата од Тексас на тој начин најде замена за повредените Дерек Лејвли и Макси Клебер. На натпреварите од Г лигата оваа сезона, Кели имаше просек од 11,0 поени, 7,2 скока и 2,4 блокади за 27,6 минути поминати на теренот. Далас пред да го ангажира младиот кошаркар мораше да ја прекине соработката со Гортман за да направи место на списокот.

Read More
NBA

Тренерот на кошаркарите на Торонто, Дарко Рајаковиќ, се одлучи да ја пофали играта на Скоти Барнс.„ НБА ги обединува најдобрите играчи од целиот свет. Има многу талентирани кои успеваат да го остварат потенцијалот. Има играчи кои сакаат да победуваат и да се докажуваат а има и победници кои имаат директно влијание врз исходот„ – вели Рајаковиќ. „Скоти е баш таков играч а има само 23 години. Во наредниот период ќе зборуваме за еден од најдобрите играчи во светот“ – заклучи тренерот на Репторс.

Read More

Шпанскиот фудбалски тренер, Рафа Бенитез, може да го предводи составот на Ботафого, пренесуваат денеска дел од медиумите. Според наводите, бразилскиот тим има тројца кандидати меѓу кои влегува и трофејниот стратег. Засега Бенитз не се изјаснил дали ќе се пресели во Јужна Америка. Тој нема ангажман од претходниот март кога ја напушти Селта Виго. Шпанецот беше тренер на Реал Мадрид, Наполи, Интер, Валенсија и Ливерпул. Со „црвените“ ја освои Лигата на шампионите во 2005 година.

Read More

Ливерпул останува главен фаворит за титулата во Премиер лигата, покажаа податоците на супер-компјутерот. „Црвените“ се лидери во поредокот со 53 бодови или со 6 повеќе од Арсенал кој има еден меч помалку. Супер-компјутерот -„Opta“ изврши 10.000 симулации до крајот на сезоната кои покажаа дека „црвените“ имаат 92,7% шанси да ја освојат титулата. На второто место се ставени „топчиите“ со 7,1%; Манчестер Сити има 0,02 а Челзи 0,03 проценти да стигне до пехарот во Премиер лигата на Англија.

Read More

Фудбалерот, Килијан Мбапе, вчера го реализираше првиот хет-трик во дресот на Реал Мадрид. Неговите три гола му донесоа победа на „кралскиот“ клуб на теренот на Валјадолид со 3-0 во рамките на Примера Дивизион. „Тоа е убаво чувство, многу сум среќен. Но, пред се, среќен сум поради победата. Почнавме многу добро и вршевме притисок врз противникот. Првиот гол беше постигнат благодарение на добрата колективна акција“ – вели Французинот. „Веќе кажав дека можам да играм на сите три позиции во нападот. Морав да се адаптирам, но, сега можам да играм секаде. Мојата адаптација е завршена“ – нагласи играчот на „белите“.

Read More
NBA

Кошаркарот на Бостон Селтик, Џејсон Тејтум, го постигна својот 13.000-ти поен во кариерата во НБА лигата. На тој начин одличниот поентер стана 11-тиот играч во клупската историја кој достигнал до најмалку 13.000 поени во кариерата. Тејтум беше одличен на мечот со Далас и успеа да реализира 24 поени во победата со 122:107.  

Read More