Ракометарите на Данска ќе ја бранат светската титула откако денеска ја совладаа убедливо Португалија со 40 спрема 27 во второто полуфинале на тековниот Мундијал. Скандинавците беа супериорни од самиот почеток и сосема заслужено си обезбедија место во неделното финале во Осло. Таму ги чека пресметка со Хрватска која вчера ја елиминира моќната Франција. На денешниот меч кај победникот се издвои Гидсел со девет голови додека во противничкиот табот Ареија застана на пет погодоци. Според планот, в недела од 15.00 ќе биде битката за бронза меѓу „триколорите“ и Португалија додека финалето Данска- Хрватска е закажано во 18.00 часот.
Author: dino
Македонскиот Олимписки комитет денеска оддржа седници на Управниот одбор и редовното годишно собрание. На истите едногласно беа усвоени финскиот извештај, предлог буџетот за 2025 година, комплетниот извештај за работа во изминатата 2024 година како и новиот состав на Собранието на МОК, комисиите, надзорниот одбор, Спортскиот директориум и составот на Спортско Арбитражниот Суд (САС) сите за мандат 2025- 2029 година. На седницата беше проширен и Управниот одбор со нови членови. Беа презентирани и едногласно поддржани предлог статутарните измени кои што ќе бидат формално правно усвоени од страна на новиот состав на собранието во периодот што следи. На самиот крај беше формирано…
Италијанските медиуми наведуваат дека луѓето од Наполи се на само еден чекор да го обезбедат напаѓачот на Борусија Дортмунд, Карем Адејеми. Според објавеното, италијанците ќе платат околу 50 милиони евра за брзоногиот напаѓач кој во сезонава одигра 14 средби на кои постигна пет голови. Германскиот репрезентативец практично треба да биде замена за Квича Кварахцелија кој замина во францускиот ПСЖ.
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, најави дека ќе ги одмори првотимците за мечот со ПСВ Ајнтховен во последното коло во групната фаза во Лигата на шампионите. „Црвените“ се неприкосновени лидери на табелата и за нив бодовите немаат значење. „Ние размислуваме само за победа. Нема значење кој ќе биде на теренот, тие што ќе добијат шанса треба да ја искористат“ – вели Слот. „Ми требаше време да го разберам новиот формат, но, сега сум 100% сигурен дека не е важно дали ќе завршиме први или втори“ – рече тренерот на англискиот состав.
Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне , верува дека неговите избраници ќе одиграат максимално мотивирано на денешниот меч со РБ Салцбург во Лигата на шампионите. „Сакаме да одиграме на најдобар можен начин. Ќе мора да ги искористиме нивните слаби точки“ – рече Аргентинецот. Тимот од Шпанија со евентуален триумф, сигурно ќе си обезбеди место во 1/8-финалето или ќе го скокне првиот елиминациски круг.
Победникот на релито – Монте Карло, Џоан Расел , објави како ќе продолжи неговата програма во Светскиот рели шампионат во 2025 година. Французинот кој ја забележа третата последователна победа во „WRC2“ , ќе се врати на патеките на крајот на април кога ќе има трка на Канарските острови. – Сезоната не можеше да започне подобро! Се гледаме во април на Канарските Острови!“ – напиша Расел.
Фудбалерите на Арсенал, Мартин Одегард и Микел Мерино, кои не играа на последниот меч против Вулверхемптон, се вклучени на списокот за денешното гостување кај Џирона во последната рунда во Лигата на шампионите. Норвежанецот беше болен а Шпанецот имаше полесна повреда. Менаџерот на „топчиите“, Микел Артета, за средбата во Шпанија ќе го има на располагање и Каи Хаверц, кој го одработи вчерашниот тренинг. Арсенал иако го има третото место на табелата, не е сигурен дека ќе обезбеди директен пласман во 1/8 финалето во елитата на Европа.
Екипата на Тотенхем ќе биде засилена со враќањето на централниот дефанзивец, Мики ван де Вен, кој се опорави од повредата на препоните, соопштија денеска од редовите на „Спарси“. 23-годишниот холандски репрезентативец се здоби со повреда на лондонското дерби против Челзи одиграно во почетокот на декември. Англискиот клуб утре на домашен терен ќе игра со шведскиот Елфсборг во Лигата на Европа.
За прв пат на НБА Ол-стар викендот ќе се одржи мини-турнир со четири екипи и три натпревари. Петте стартери на секоја конференција ќе бидат избрани од навивачите (50% од гласовите), актуелните НБА играчи (25%) и медиумскиот дел (25%). Седумте играчи кои ќе бидат како резерви во секоја конференција ќе бидат избрани од главните тренери на НБА. Четирите тима кои ќе учествуваат на НБА Ол-стар натпреварот ќе се борат за награден фонд од 1,8 милиони долари.Секој играч од тимот што го освои шампионатот ќе добие 125.000 долари, секој играч од вториот тим ќе добие 50.000 долари и секој играч од трето…
Репрезентацијата на Франција го совлада Египет со 34:33 и обезбеди полуфинале на Светското првенство што се реализира во Хрватска, Данска и Норвешка. „Триколорите“ влегоа како големи фаворити на хартија но, се измачија со „фароните“ буквално до последната секунда. Тогаш Карабатиќ со гол од брз-центар го постави конечниот резултат и ги однесе Французите во наредната елиминациска фаза. Дика Мем и Ремил Недим постигнаа по 6 голови во победничкиот состав додека кај Египет се издвои Ахмед Хешам со 8 погодоци. Франција во полуфиналето ќе излезе на мегдан со Хрватска која денеска славеше против Унгарија со 31 спрема 30. Meчот ќе биде одигран…
