Фудбалерот на Коринтијанс, Мемфис Депај, доби условна казна поради возење во пијана состојба. Тој ќе треба да плати и 9.000 евра, објави познатото француско онлајн издание –„RMC Sport“. Поранешниот фудбалер на Лион, Барселона и Манчестер Јунајтед беше приведен поради возење под дејство на алкохол во Монако на 6 август во 2024 година. Фудбалерот тогаш немаше ангажман бидејќи го напушти Атлетико Мадрид.
Author: dino
Фудбалерите, Џакомо Распадори и Рафа Марин, не добиле зелено светло да го напуштат составот на Наполи иако претходно беа ставени на трансфер-листата, објавија медиумите во Италија. Според нив, менаџерот, Антонио Конте, го стопирал нивното заминување бидејќи не успеа да обезбеди нови имиња во јануарскиот трансфер период. Деновиве на стадионот – „Диего Марадона“ беше донесен само Ноа Окафор и тоа на позајмица од Милан.
Луѓето од Јувентус имаат намера да му понудат перманентен договор на новиот напаѓач, Рандал Коло Муани. Францускиот фудбалски интернационалец кој забележа три гола на два меча, игра како позајмен од екипата на Пари Сен Жермен. Екипата од Торино се надева дека со евентуална продажба на Душан Влаховиќ ќе обезбеди доволно средства за да го откупи договорот на Коло Муани.
Романскиот фудбалски интернационалец, Драгушин, има скинати вкрстени лигаменти на коленото и ќе мора да оди на операција, објавија медиумите во Англија. Тоа ќе биде нов удар за тренерот на Тотенхем, Постекоглу, кој извесен период се соочува со голема листа на отсутни играчи. На неа фигурираат: Викарио, Тимо Вернер, Дестини Удоџи, Доминик Соланке, Кристијан Ромеро и Џејмс Медисон. Популарните „Спарси“ имаат само теоретски шанси да се изборат за евро-виза до крајот на сезоната бидејќи се наоѓаат дури на 14-то место на тебелата.
Манчестер Јунајтед ќе има потешкотии да обезбеди засилувања во летниот преоден рок погледнато од финансиски аспект, прогозираат медиумите во Англија.„Црвените ѓаволи“ во текот на зимава ги купија Патрик од Лече и Хевен од Арсенал но, тоа е далеку од желбите на тренерот, Рубен Аморим. Ограничениот буџет го спречи англискиот состав да пронајде замена за повредениот, Лисандро Мартинез, кој ќе отсуствува до крајот на сезоната.
Светскиот шампион во Мото ГП, Хорхе Мартин, е однесен во болница во близина на патеката Сепанг откако падна на предсезонските тестирања за 2025 година. Шпанецот, кој ќе вози за Априлија, беше исфрлен од моторот во вториот свиок на патеката во Малезија и веднаш потоа бил префрлен во најблиската болница. Новата сезона во Мото Гран При ќе стартува на 2 март со трката на Тајланд.
Фудбалерот, Амар Дедиќ, кој беше претставен како нов играч на Олимпик Марсеј, изјави дека со нетрпение го чека дебитантскиот настап за францускиот состав . „Многу сум среќен што сум во клуб со големи амбиции кој сака да игра во Лигата на шампионите. Тука е еден од најдобрите тренери во Европа – Роберто Де Зерби“ – рече 22-годишниот дефанзивец кој дојде од сoставот на Салцбург. Дедиќ за репрезентацијата на Босна и Херцеговина има одиграно 16 натпревари.
Челниците на РБ Лајпциг му даваат поддршка на тренерот, Марко Росе, иако германскиот фудбалски состав има серија на лоши резултати во Бундес-лигата. Членот на управата, Марсел Шефер, не гледа проблем во тоа што тимот испадна и од Лигата на шампионите. Според него, тоа ќе им даде повеќе време на играчите да бидат заедно. РБ Лајпциг единствената шанса за освојување на трофеј ја има во Купот на Германија. Таму во четвртфиналето ќе игра со Волфсбург.
Кошаркарот, Џоел Ембид, се надева дека неговото враќање во составот нема да биде со краток рок. Центарот на Филаделфија откако пропушти 15 натпревари поради повредата на левото колено, успеа да направи трипл-дабл во победата против Далас. „Посакувам да можам да играм на секој натпревар. Што и да одлучи Бог од тој момент па натаму, не можам да го контролирам. Целта е да бидам на теренот“ – рече седумкратниот учесник на Ол-Стар мечевите. Неговиот тренер, Ник Нурс, изјави дека 30-годишниот Ембид нема да биде на списокот за мечот со Мајами кој ќе се одигра в четврток во 01.30 часот по наше…
Тренерот на Ле Ман, Патрик Видеира, очекува неговите фудбалери да покажат храбра игра против ПСЖ во денешниот дуел од 1/8 финалето во Купот на Франција. „ Доаѓа тимот кој го игра најдобриот фудбал вклучително и во Лигата на шампионите. Не сакам да им се тресат нозете на играчите. Тие пишуваат голема историја која ќе остане засекогаш“ – нагласи Видеира. Ле Ман досега во Купот ги победи Ван (2:1), Сен Коломбан Локмине (4:0), Марман (7:0) и Валенсиен по изведувањето на пенали.
