Author: dino

Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд, ќе паузира неколку денови откако заработи повреда бутот на натпреварот против Бурнмаут во 24. коло во елитата на Англија. Дефанзивецот најверојатно нема да излезе на терен пред дербито со Евертон кое ќе се одигра на 12 февруари.  Брзоногиот бек, нема да се појави на реваншот против Тотенхем во полуфиналето на Лига купот и на мечот со Плимут во 4. коло од ФА Купот. 

Read More

Maнчестер сити нема да може да ги пријави сите зимски засилувања за плеј-офот од Лигата на шампионите. Ќе потсетиме дека англсикиот состав ги ангажираа Витор Реис, Омар Мармуш, Нико Гонзалес и Абдукодир Хусанов а еден од нив нема да може да биде регистриран во Лигата на шампионите. Според правило на УЕФА, една екипа може да регистрира максимум тројца нови играчи помеѓу групната фаза и елиминацискиот дел во елитата на Европа.  

Read More
NBA

Чендлер Парсонс го опиша расположението во НБА откако се случи шокантниот трејд на Лука Дончиќ од Далас во Лос Анџелес Лејкерс. „Таа ситуација ги натера сите да бидат претпазливи. Сè може да се случи. Да бев шеф во претставништво, ќе се јавев во Нагетс и на шега ќе прашав колку вреди Никола Јокиќ. Затоа што се чини дека сè е достапно“ – вели Парсон. „Според мое мислење, тоа нема логика. Мислам дека сега сите се обидуваат да играат на големо“ – рече поранешниот кошаркар.

Read More

Фудбалерите, Килијан Мбапе и Џуд Белингем, ќе го пропуштат мечот на Реал Мадрид во Копа дел Реј. „Кралевите“ утре ќе играат на гости кај Леганес во рамките на четвртфиналето.  Французинот се соочува со мала повреда и ќе добие денови за одмор. Белингем ќе добие поштеда пред првиот меч со Манчестер Сити на стартот на елиминациите во Лигата на шампионите. Тој натпревар е закажан за 11 февруари во Англија. Три дена претходно Реал ќе му гостува на Атлетико во градското дерби.

Read More

Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Благоја Милевски, имаше можност во изминатите денови да ги следи настапите на нашите екипи во Анталија во рамките на подготовките за вториот дел од сезоната. „Впечатоците од мечевите на македонските екипи во Анталија се навистина позитивни. Помалку изненадувачки, очигледна беше разликата во ритамот на фудбалерите во однос на домашното првенство. Видовме нова енергија, тимски дух, добар ритам и желба за докажување. Се надевам дека тоа ќе го пренесат и на натпреварите од МФЛ“ – рече Милевски за сајтот на ФФМ. „Тоа е нешто што се бара во модерниот фудбал. Тоа беа средби без резултатско значење…

Read More
NBA

Екипата на Њу Орлеанс потврди дека кошаркарот, Дежонте Мареј, ќе го пропушти остатокот од сезоната откако ја скина Ахиловата тетива на десната нога. Тешката повреда била утврдена со помош на Магнетна резонанца. Мареј кој редовно беше дел од стартната петорка, сезоната ја заврши со просек од 17,5 поени, 7,4 асистенции и 6,5 скокови.

Read More

Фудбалерот, Џејмс Вард, ќе го напушти Нотингем Форест и ќе се врати во екипата на Вест Хем бидејќи не ги исполни очекувањата на управата на клубот. Играчот од средниот ред кој во изминатото лето беше испратен на позајмица во Нотингем, сега ќе се врати на стадионот во Лондон. „Чеканите“ до крајот на сезоната ќе стрепат за опстанокот бидејќи се наоѓаат на 15-то место на табелата.

Read More

Левиот бек на Челзи, Бен Чилвел, денеска ќе потпише времен договор со Кристал Палас откако двата клуба ги договорија сите детали за трансферот.   Дефанзивецот ќе игра во новиот клуб во наредните шест месеци по што ќе се врати на стадионот – „Стемфорд Бриџ“.  28-годишниот фудбалер во сезонава има само 45 минути и тоа во натпревар од Карабао купот против нисколигашот Бероу.

Read More

Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота, не го крие задоволството од победата против Емполи со убедливи 4-1 иако гостите имаа предност по првиот дел. „Им честитам на моите играчи за храброста што ја покажаа. Видов многу одговорност на теренот . Сакаме да продолжиме така. Му реков на Душан дека ќе постигне гол“ –рече Мота. „Среќен сум за сите играчи бидејќи остварија голема победа. Кенан е многу млад и имаме голема верба во неговата иднина“ – рече тренерот на „старата дама“ .

Read More

Тренерот на фудбалерите на Милан, Серхио Консеисао, го искоментира ремито во градското дерби со Интер во рамките на Серија „А“. „Во првиот дел имавме добар притисок и не размислувавме многу на одбрана. Ми се допадна како играчите се поставија на теренот со висок пресинг“ – вели Консеисао. „Во вториот дел лесно ја губевме топката, ќе мораме да работиме на тој момент. Има уште време до крајот на сезоната“ – рече Консеисао.

Read More