Германскиот весник „Билд“ открива дека во договорот на Ерлинг Халанд постои скриена клаузула која му дозволува го напушти Манчестер Сити во текот на летото. Германците пишуваат дека Норвежанецот ќе има можност да го напушти клубот за фиксна сума доколку „граѓаните“ не се пласираат во Лигата на шампионите. Вредноста на клаузулата не е позната. Сити е петти во англиската Премиер лига со два бода помалку од четвртопласираниот Челзи. Пред актуелниот шампион се Нотингем Форест, Арсенал и водечкиот Ливерпул.
Author: dino
Кошаркарот на Далас, Ентони Дејвис, кој беше дел од размената со Лејкерси за Лука Дончиќ, заработил повреда и ќе мора да паузира извесен период. Медиумите во САД наведуваат дека можеби ќе треба да оди на операција. Дејвис претходно имаше неколку повреди и мораше да пропушти повеќе од 100 натпревари во три сезони од 2020 до 2023 година. Доколку Дејвис замине на операција, тоа може да значи крај на сезоната. Тој во дебито за Далас постигна 26 поени, 16 скока, седум асистенции и три блокади.
Еден од сопствениците на Далас, Патрик Думон, се обиде да ја оправда одлуката зошто го испрати Лука Дончиќ во тимот на ЛА Лејкерс. Тој рече дека причината за тој потег не е претстојната обврска од 345 милиони долари, колку што би вредел новиот петгодишен договор на Дончиќ. „Мислам дека тимовите победуваат со тоа што се фокусирани, имаат правилен карактер и вистинска посветеност да работат што е можно понапорно. Ако не го правите тоа, ќе изгубите“ – рече Думон.
Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година ќе игра против Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2027 година. Новиот селектор, Горан Станиќ, е свесен дека имавме непосакувана ждрепка. „ Извлековме тешка група, покрај фаворитот Италија, од вториот и третиот шешир ги добивме најтешките противници Полска и Шведска. Во нашата група уште се и Црна Гора и Ерменија, репрезентации кои не се нималку наивни.- Мора да размислуваме позитивно и да бидеме оптимисти. Претходно нагласив дека максимално верувам во оваа генерација. Можеме и имаме квалитет да и парираме на секоја репрезентација“ – изјави…
34- годишниот фудбалер на Њукасл, Киеран Трипие, може да добие понуда да се пресели во Галатасарај, наведуваат дел од медиумите во Англија. Одличниот дефанзивец ја нема довербата на менаџерот, Еди Хау и веројатно ќе прифати да замине во друг состав. Трипие во сезонава има само 18 натпревари во сите конкуренции и тоа главно влегуваше од клупата за резерви.
Фудбалерите на Валенсија, Димитри Фалкир и Уго Дуро, поради повреди нема да се појават на денешниот меч против Барселона во кралскиот Куп на Шпанија. Тоа го потврди тренерот на домаќините, Карлос Корберан. „Филкир имаше прегледи и нема да може да игра а Дуро не тренира. Тој исто така нема да биде на натпреварот“ – рече Корберан. Ќе потсетиме дека пред извесен период Барса ја победи Валенсија со 7-1 во меч од Примера Дивизион.
Бразилскиот фудбалер, Нејмар, го одигра првиот меч за Сантос по враќањето во татковината. 33-годишниот напаѓач влезе од клупата во 46. минута на средбата против Ботафого одиграна во рамките на 7. коло на Паулиста лигата и беше прогласен за најдобар играч. Нејмар по 12 години поминати во европскиот фудбал (Барселона и ПСЖ) се врати во неговиот матичен клуб.
Жорди Фернандез ќе се фокусира само на работата во Бруклин. 42-годишниот стручњак ќе ја напушти селекторската позиција во канадската репрезентација. Тој ја освои бронзата на Светското првенство во 2023 година и ја водеше Канада до плејофот на олимпискиот турнир во Париз. Бруклин се наоѓа на 12-то место во Источната Конференција во НБА со 17 победи и 34 порази.
Тренерот на фудбалерите на Монако, Ади Хутер, имаше само пофални зборови за составот на ПСЖ пред големото дерби на Лига 1. „Моментално ПСЖ е меѓу најдобрите тимови во Европа. Сега се посилни отколку во декември кога игравме во Катар во Купот“ – рече Австриецот и се насочи кон најновото засилување, Мурати, кој во текот на зимава беше ангажиран од турскиот состав Бешикташ. „Мурати е искусен играч со европски натпревари. Технички е добар. Може да игра со ПСЖ бидејќи е во форма“ – нагласи тренерот на Монако.
Фудбалерите на Арсенал се елиминирани во полуфиналето на Карабао купот откако и во вториот меч загубија идентично од Њукасл со 2-0. Вчерашниот реванш одигран на стадионот – „Сент Џејмс Парк“ го искометира менаџерот на „топчиите“, Микел Артета. „Имавме големи очекувања. Не реализиравме две шанси а противникот постигна гол и тоа го промени текот на мечот. Во вториот дел не успеавме да се наметнеме“ – рече шпанскиот тренер. Арсенал го нема освоено англискиот Лига куп повеќе од триесет години. Лондончани последен пат стигнаа до финалето во 2018 година а го освоија во 1993 година.
