Јоанис Сферопулос, тренерот на кошаркарите на Црвена Ѕвезда, зборуваше по поразот од Будуќност во 20. коло од АБА лигата. Тој нагласи дека тимот од Црна Гора делувал посвеж од неговиот состав. „Беше тежок натпревар, не почнавме добро, одигравме подобро само во второто полувреме, дадовме се од себе на крајот. Имавме шанса да победиме. Мечот отиде во продолженија, беа посвежи, постигнаа тешки поени и победија“ – рече Сферопулос. Тренерот на „црвено-белите“ објасни дека Aмериканецот, Ајзеа Кенан, нема никакви проблеми и дека само бил поштеден за мечот.
Author: dino
Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, ги увери челниците на Ред Бул дека ќе остане во тимот барем до крајот на сезоната во 2026 година. Д-р Хелмут Марко потврди дека во неговиот договорот кој е валиден до 2028 година има клаузули кои му дозволуваат на Макс пред време да си замине. Ред Бул во новата сезона ќе користи погонска единица развиена во партнерство со Форд. Тоа треба да покаже дали тимот ќе остане конкурентен за титулите во двете конкуренции.
Фудбалерите на Брест и ПСЖ ќе го одиграат француското дерби во рамките на Лигата на шампионите. Иако популарните „светците“ се во улога на големи фаворити, нивниот тренер, Луис Енрике, вели дека ќе мора да се пристапи максимално сериозно на двата меча. „Секој натпревар што го игравме против Брест дома и на гости беше тежок. Тие се добри во одбраната и нападот. Сепак, Лигата на шампионите е важно натпреварување за нас. Мораме да победиме, нема друга опција. Тоа е фокусот“ – рече Енрике.
Екипата на Спортинг која денеска се соочува со Борусија Дортмунд во првото елиминациско коло во Лигата на фудбалските шампионите, има значајни проблеми во ростерот. Според информациите од Португалија, првата ѕвезда на екипата од Лисабон, Виктор Ѓокерес, како и играчот од средниот ред, Хидемаса Морита, не се појавиле на вчерашниот тренинг. Двајцата се под знак прашалник за денешниот меч кој „лисабонските лавови“ ќе го одиграат со „милионерите“ на стадионот – „Хозе Алвараде“ со почетокот во 21.00 часот. Според најавите од Германија, гостите речиси комплетни допатувале на Пиринеите.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, донел одлука клубот да не купува играчи за време на јануарскиот преоден рок, пренесува –„Cadena SER“. Очекувањата беа дека „кралевите“ ќе се засилат барем во одбраната но, тоа не се случи. Тренерот Карло Анчелоти има сериозни проблеми бидејќи остана без дефанзивците: Едер Милитао, Дани Карвахал, Антонио Рудигер, Давид Алаба и Лукас Васкез. Пораката на Флорентино е дека во клубот има пари, но, нема намера да плаќа нереално големи суми за нови играчи.
Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ, проговори за младиот турски напаѓач Кенан Јилдиз, кој настапува за Јувентус. „Јилдиз има различен стил и навистина ми се допаѓа. Тој е талент кој ми го привлече вниманието и има многу светла иднина” – рече Хрватот. Јилдиз е роден во Германија а во Јувентус пристигна во летото во 2022 година откако му истече договорот со Баерн Минхен. Минатата сезона клубот му даде голема чест затоа што го доби дресот со број десет што го носеа великаните како Алесандро Дел Пјеро, Роберто Баџо и Мишел Платини.
Екипата на Интер го купи младиот фудбалер, Петар Сучиќ од Динамо Загреб за вкупно 16,5 милиони евра. На Хрватите им следуваат фиксни 14 милиони и уште два и половина преку бонуси. Играчот кој има само 21-на година, ќе ја доигра сезоната со Динамо а потоа ќе му се приклучи на Интер. Сучиќ деновиве треба да потпише повеќегодишен договор со „нероаѕурите“, најавија медиумите во Хрватска.
Италијанскиот Торино бара од Спартак Москва најмалку 25 милиони евра за потписот на фудбалерот од средниот ред, Иван Илиќ. Во исто време „црвено-белите“ се подготвени да платат 20 милиони евра + 2 како бонуси. Играчот од средниот ред во сезонава настапи на 13 натпревари на сите турнири со ефект од еден гол и една асистенција. Актуелниот договор на Илиќ со калчо-лигашот е до летото во 2027 година.
Тренерот на фудбалерите на Наполи, Антонио Конте зборуваше по ремито против Удинезе во 24. коло од италијанската Серија А. „Штета што одигравме нерешено. Мислам дека денеска заслуживме повеќе. Доколку не ги искористите вашите шанси, ќе имате проблеми“ – изјави Конте. „Удинезе има многу силен тим со искусни играчи кои, верувам, наскоро ќе се преселат во големи клубови“ беа дел од зборовите на Конте.
Медиумите во Англија наведуваат дека фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, сериозно размислува да прифати некоја од понудите што пристигнале од Саудиска Арабија. Според наведеното, интернационалецот од Белгија, има намера да си замине од англискиот шампион кој пак, ќе мора да бара соодветна замена. Затоа „граѓаните“ размислуваат за потписот на Чаби Симонс од екипата на РБ Лајпциг. Биндес-тимот за неговиот потпис ќе бара најмалку 100 милиони евра.
