Author: dino

Фудбалерот, Кристијан Ериксен, во текот на летото ќе си замине од стадионот –„Олд Трафорд“ откако челниците на тимот решиле да ја прекинат соработката со искусниот играч од средниот ред. Тој за „црвените ѓаволи“ има одиграно 93 натпревари со ефект од седум голови и 17 асистенции. За 33-годишниот фудбалер се заинтересирани неколку екипи од неговата татковина и од Холандија.

Read More
NBA

Бостон би можел да бара замена за дел од врвните кошаркари. Имено, луѓето од НБА веруваат дека новите сопственици на Селтикс нема да сакаат да го поддржат актуелниот ростер. Земајќи ги в предвид платите и даноците, тимот ќе треба да плати 513 милиони долари за наредната сезона.  Според најавите, Кристап Порзигинс, сигурно ќе биде разменет но, Летонецот нема да биде единствениот кој ќе си замине.

Read More
NBA

Кошаркарот, Кристијан Колоко, зборуваше за тешкотиите да се биде играч со двонасочен договор. Тој настапува во Лејкерси и паралелно во Г-лигата. „Не е лесно, не е лесно, но тоа е реалноста на договорот. Ние сме на десетдневно патување со главниот тим… потоа доаѓам во Саут Беј и треба да играм 35 минути. Тоа е многу тешко но, тоа е убавината. Мора да одговорите на предизвиците. Претпоставувам дека сум навикнат на тоа“, изјави центарот на Лејкерс. Колоко во сезонава одигра 29 натпревари за „езерџиите“.

Read More

Баер Леверкузен и Баерн Минхен доцна синоќа го одиграа дербито на 22 коло во Бундес лигата. Мечот на теренот на „фармацевите“ заврши без голови а нивниот тренер, Чаби Алонсо, вели дека резултатот е реален на прикажаното. „Баерн е многу силен. Обично лесно ги разбива екипите, но тоа не беше случај денеска. Многу сме горди на нашиот настап“ – изјави Алонсо. „Пред мечот рековме дека мора да играме совршено. Не е лесно да се игра против Баерн“ – потенцираше тренерот на домаќините.

Read More

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се осврна на вчерашното реми со Селта во меч од 24 коло во елитниот шпански фудбалски шампионат. Со тој резултат, „јорганџиите“ загубија два значајни бода во трката за титулата. „Игравме со човек помалку речиси 90 минути а имавме неколку шанси да постигнеме гол против тим кој игра многу добро во одбраната“ – вели Симеоне. „Прво останавме со еден човек помалку па тие постигнаа гол. Многу сум задоволен од тоа што го покажаа моите фудбалери“ – нагласи Аргентинецот.

Read More

Jапонецот, Рјоју Кобајаши, доминираше и во вториот ден предвиден за натпревари во ски-скови во зимскиот центар – Сапоро кои се бодуваат за Светскиот Куп. Домашниот претставник успеа да ја забележи 34-та победа во кариерата откако прескокна 132 и 137 метри. Мариус Линдвик од Норвешка заврши на второто место (136,0 и 131,0 метри) додека неговиот сонародник, Јохан Андре Форфанг, беше трет со скокови од 129,0 и 136,0 метри. Во генералниот пласман води  Австриецот, Даниел Шофених, пред Јан Хорл и Крафт. Ски-скокачите сега ќе се насочат кон Светското првенство кое ќе започне на 26 февруари во норвешкиот Трондхајм.

Read More

Фудбалскиот состав, Реал Мадрид, ќе го обжали директниот црвен картон на Џуд Белингем кој го заработи на вчерашното  гостување кај Осасуна, наведуваат денеска авторитетните медиуми во Шпанија. Главниот судија, Хозе Луис Мунуера Монтеро, го исклучи Англичанецот поради пцовки иако зборовите може да се преведат со друга конотација. Сепак, судијата разбрал дека Белингем му упатил навреда и тоа го навел во извештајот. Англичанецот се соочува со минимална суспензија од два натпреварa но, може да добие и посериозна казна доколку се утврди дека навистина го навредил судијата.

Read More

Фудбалерите на Барселона утре ќе се сретнат со Рајо Валјекано и со евентуална победа ќе избијат на првото место на табелата во Примера Дивизион откако Реал и Атлетико Мадрид загубија бодови на последните мечеви. Нивниот тренер, Ханси Флик, вели дека треба максимално мотивирано да се влезе во пресметката. „Не ги гледаме другите тимови. Има уште многу време. На крајот на сезоната ќе го погледнеме пласманот. Од почетокот на годината одигравме добри натпревари“ – рече Флик. „На Рајо исто така му оди многу добро. Тие се храбар тим против кој е тешко да се игра. Промените на врвот покажуваат колку се…

Read More

18-годишниот Лука Родолфо, кој на времето беше на поширокиот список во нашата млада фудбалска репрезентација, во продолжението на сезоната ќе настапува како позајмен од Сампдорија во тимот на Салернитана. Тој неколку сезони беше дел од младинскиот состав на џеновјани со забелжителни настапи кои му овозможија дури 11 пати да биде во иделниот тим на колото. Медиумите на „Чизмата“ наведуваат дека Лука имал понуди да заигра за Ливорно или Палермо но, се определил да замине во Салернитана и да конкурира за првиот тим. Во дел од текстот се потенцира дека за младиот голман бил заинтересиран и азискиот шампион Ал Аин, чиј…

Read More

Аргентинскиот интернационалец во Рома, Паоло Дибала, принудно го напушти вчерашниот меч со Порто во плеј-офот во Лигата на Европа откако се пожали на болка во пределот на коленото. Фудбалерот иако доби лекарска помош и се врати во игра, на крајот од полувремето сепак беше заменет. „Римската волчица“  се уште не соопштува дали неговата повредата е сериозна и дали ќе оди на дополнителни лекарски прегледи. Римскиот состав во текот на викендот го чека пресметка со Парма во новото коло во Серија „А“.  

Read More