Тренерот на фудбалерите на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, зборуваше по убедливата победа на теренот на Емполи во меч од 26. коло на италијанската Серија А. „Посветеноста на нашите играчи е видлива на секој меч. Лесно е да се зборува за едноставни натпревари. В недела имаме меч против Венеција. Потоа ќе имаме дуел со Јувентус“ – рече задоволно Гасперини. Составот од Бергамо со 54 бодови го има третото место на табелата. Пред него се Интер со 57 бодови и Наполи со 56.
Author: dino
Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, кој го постигна првиот гол на вчерашното дерби на теренот на Манчестер Сити, вели дека неговиот тим се обидува да победи на секој меч без разлика на името на противникот. „Неверојатно, многу е тешко да се игра тука. Посебно е чувството кога сте во трка за титулата“ – вели Салах. „Црвените“ со вчерашната победа од 2-0 се зацврстија на чело на табелата во Премиер-лигата. Тие имаат 64 бодови или 11-ет повеќе од Арсенал кој има натпревар помалку.
Фудбалерите на Пари Сен Жермен доцна синоќа славеа на гостувањето кај Лион со 3:2 во дербито на францускиот шампионат а нивниот тренер, Луис Енрике, не крие дека е задоволен од прикажаното. „Имаме намера на навивачите да им подариме победи и титули и тоа да го направиме со стил. Можевме подобро да ги контролираме емоциите“ – вели Енрике. „Покажавме дека сме подготвени за вакви ситуации и дека играме секаков фудбал против било која екипа“ – рече тренерот на „светците“.
Еден од најдобрите шкотски клубови, Глазгов Ренџерс, го отпушти тренерот, Филип Клемент, по неочекуваниот пораз на домашен терен од Сент Мирен со 2-0 во рамките на 27. коло од домашниот шампионат. Фудбалскиот стратег кој работеше во францускиот Монако и Бриж од Белгија, во 2023 година седна на клупата на гигантот и во две сезони успеа да го освои само Лига Купот на Шкотска. Ренџерс сега заостанува големи 13 бодови во однос на лидерот Селтик.
Денеска беа одредени мечевите за осмунафиналето во Конференциската лига на УЕФА. Молде-Легија ВаршаваЦелке-ЛуганоПафос -ЃургарденЈаглелонија-Серкл БрижПанатинаикос-ФиорентинаБорац-РапидБетис-ВиторијаКопенхаген-ЧелзиНатпреварите ќе бидат одиграни на 6 и 13 март.
Денеска беа составени паровите за 1 /8 финалето во Лигата на Европа или второто по квалитет натпреварување под капата на УЕФА. Во првите мечеви закажани на 6 март и во реваншите на 13-ти во истиот месец ќе се сретнат:Бодо-ОлимпијакосФенербахче-Глазгов ренџерсАјакс-Ајнтрахт ФранкфуртСтеауа-Олимпик ЛионАЗ Алкмар-ТотенхемРеал Сосиедат-Манчестер ЈунајтедВикторија Плзен-ЛациоРома-Атлетик БилбаоМечевите од 1/4 финалето ќе бидат на програмата на 10 и 17 април. Полуфиналето ќе биде одиграно на 1 и 8 мај додека големото финале за победничкиот пехар во Лига Европа ќе се реализира на 21 мај на стадионот во Билбао.
Денеска беа формирани двојките за втората елиминациска фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Еве кој со кого ќе игра на 4-ти и 5-ти март и во реваншите на 11-ти и 12-ти март. Бриж-Астон ВилаБорусија Дортмунд-ЛилРеал Мадрид-Атлетико МадридБаерн Минхен-Бајер ЛеверкузенПСВ-АрсеналФеенорд-ИнтерПСЖ-ЛиверпулБенфика-БарселонаПознато е како ќе се формираат паровите и во 1 /4 финалето закажано за 8/9 и 15/16 март.ПСЖ/ЛИВЕРПУЛ – КЛУБ БРИЖ/АСТОН ВИЛАРЕАЛ МАДРИД/АТЛЕТИКО МАДРИД – ПСВ/АРСЕНАЛБЕНФИКА/БАРСЕЛОНА – БОРУСИЈА ДОРТМУНД/ЛИЛБАЕРН МИНХЕН/БАЈЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – ФЕЕНОРД/ИНТЕРПрвите полуфинални средби се на 29-ти и 30-ти април а реваншите на 6-ти и 7-ми мај. Финалето во Лигата на шампионите ќе биде одиграно на 31 мај на „Алијанц Арена“ во…
Тренерот на Рома, Калудио Раниери, се осврна на игрите на Паоло Дибала. Младиот Аргентинец во континуитет покажаува одлични партии. „Да имате големи играчи во тимот секогаш помага во компликувани моменти. Тоа што го имаме Дибала значи многу. Тој е извонреден лидер“ – вели Раниери. „ Дибала во моментов е во одлична физичка кондиција, ужива во фудбалот и сака да биде на теренот“ – изјави тренерот на „римската волчица“.
Фудбалскиот состав Њукасл, најави продолжување на договорот со Мартин Дубравка и со Емил Крафт. 36-годишниот репрезентативец на Словачка игра за англичаните од 2018-та. Англискиот елитен состав го продолжи договорот и со дефанзивецот Емил Крафт до крајот на сезоната 2025/26. 30-годишниот шведски репрезентативец досега има реализирано 93 настапи.
Хонг-мин Сон, легенда на Тотенхем, би можел да го напушти клубот како дел од најавениот ремонт, тврдат медиумите во Англија. Јужнокорејскиот интернационалец кој досега има постигнато 172 гола за клубот од северен Лондон, нема да добие понуда да го продолжи договорот. Според објавеното, „спарси“ како негова замена го гледаат Езе од Кристал Палас.
