Весникот – „The Athletic“, тврди дека Робин ван Перси ќе го преземе кормилото на Феенорд. 41-годишниот специјалист ќе го напушти Херенвен на крајот на сезоната и ќе се врати во Ротердам. Тој ќе потпише договор до 2027 година. Ван Перси играше за младинскиот и сенироскиот тим на Феенорд од 1998 до 2004 година а од 2021 до 2024 година беше тренер во младите категории. Легендарниот фудбалер на „лалињата“ на клупата на Херенвен има 9 победи и 11 порази.
Author: dino
Фудбалерот на Ливерпул, Алексис Мекалистер, проговори за Мохамед Салах и за мечевите што доаѓаат во Премиер Лигата. „Салах е исклучително значаен. Наша цел е да му помогнеме да постигне што повеќе голови и асистенции. Се надевам дека тоа ќе продолжи да функционира” – рече Мекалистер. „Сега ни претстојат тешки натпревари против Манчестер Сити и Њукасл. Треба да се подготвиме. Многу е важно брзо да се опоравиме” – рече Аргентинецот.
Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, зборуваше за квалитетите кои се бараат од клучните играчи во клубот. „Со Џамал Мусиала и Павловиќ, клубот има иднина. Мусиала има исклучителни технички вештини . Павловиќ понекогаш потсетува на младиот Алонсо со неговата прецизност во додавањата“ – вели Хајнер.„ Двајцата имаат се што е потребно за да станат легенди на Баерн“ – изјави претседателот на клубот од Минхен.
Голманот на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски, не крие дека е презадоволен по вчерашната победа против Динамо Букурешт во Лигата на шампионите. Токму неговата последна одбрана им донесе големи бодови на битолчани. „Им честитам на моите соиграчи и на публиката за фантастичната атмосфера. Динамо е државен проект со дваесетина врвни ракометари. Знаеме дека вложуваат но, ние успеавме да ги победиме“ – вели Митревски. Битолчани наредниот натпревар ќе го одиграат со Фуксе Берлина а во псоелдното коло ќе го пречекаат ПСЖ.
Машката ракометна репрезентација на Македонија предводена од селекторот Кире Лазаров и од претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, беше примена во Амбасадата на САД. Амбасадорката Ангела Агелер, која им дава поддршка на ракометарите од трибините а беше и со претседателот Мукаетов на натпревар од СП во Вараждин, одлучи да ја покани целокупната репрезентација на мала свеченост. РФМ упати голема благодарност за приемот и подршката од Амбасадата на Соединетите Американски Држави.
Поранешниот Ф1 возач, Хуан Пабло Монтоја, очекува да има жестока битка меѓу возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри. Двајцата се крајно мотивирани да ја запрат доминацијата на Макс Верстапен. „Мислам дека нивната борба би можела да стане грда кон крајот на годината особено ако имаат водство и тимот им дозволува да се натпреваруваат еден против друг“ – рече Колумбиецот. Мекларен со новото возило дефинитивно се наметнува како главен конкурент за освојување на титулите кај возачите и конструкторите.
Литванскиот кошаркар,Томаш Димша, кој во изминатиот август имаше операција на рамото, ќе си замине од Жалгирис и сезоната ќе ја заврши во Шпанија. Играчот кој има 31-на година и е висок 195 см, ќе настапува како позајмен во Сарагоса до крајот на сезоната 2024/25. Тој во претходниот шампионат во Евро-лигата имаше просек од 6,4 поени, 1,7 асистенции и 1,5 скокови по натпревар.
Тренерот на фудбалерите на Бенфика, Бруно Лаге, очекува неговите избраници да одиграат максимално мотивирано на денешниот реванш-меч со Монако во рамките на елиминациите во Лигата на шампионите. Португалскиот состав на првата средба во Франција славеше минимално со 1-0 и со тоа ја отвори вратата кон наредната фаза или 1/8 финалето. „Не смееме да го гледаме резултатот од првиот меч. Треба да ја покажеме нашата најдобра игра“ – вели тренерот на Бенфика.
Англискиот фудбалски интернационалец, Хари Кејн, кој заработи повреда на викенд -дербито со Баер Леверкузен, веројатно ќе се појави на теренот на денешниот реванш меч со Селтик во елиминациите во Лигата на шампионите. Тој иако беше ослободен од вчерашниот тренинг, сепак се очекува да го предводи нападот на Баварците на денешниот меч во Германија. Неговиот тим со едната нога е во 1/8 финалето откако на првиот дуел во Шкотска победи со 2:1.
Корпулентниот голгетер, Александар Исак, ќе го напушти Њукасл во летниот трансфер период доколку англискиот состав не обезбеди место во Лигата на фудбалските шампиони за наредната сезона. Тој добил дозвола од челниците на тимот да ја промени средината доколку „враните“ не успеат да се пласираат во елитната конкуренција во Европа. За одличниот напаѓач се заинтерсирани екипите на Ливерпул и Челзи а неговата трансферна вредност е околу 100 милиони евра.
