Author: dino

Екипата на Монца која се бори за опстанок во Серија „А“, го ангажираше сенегалскиот фудбалер, Кеита Балде. Црномурестиот крилен напаѓач потпиша договор до крајот на сезоната. 29-годишниот играч пристигна во Италија откако го раскина договорот со турскиот Сиваспор. Балде играше за Интер, Лацио, Калјари, Сампдорија, Еспањол, Монако и Спартак Москва.

Read More

Медиумите во Англија се прашуваат зошто не е објавена казната за менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, кој заработи црвен картон по завршувањето на заостанатиот меч со Евертон во Премиер-лигата.  Градското дерби во средата донесе многу инцидентни ситуации и физичка пресметка меѓу фудбалерите на двата тима а судијата, Мајкл Оливер, во целата хаотична ситуација му покажа црвен картон и на менаџерот на Ливерпул. Медиумите не се сигурни за каква санкција ќе се определи ФА и дали тоа ќе се случи пред викенд мечот со Вулверхемптон.

Read More

Скијачката од САД, Микаела Шифрин,  се чинеше дека е исто толку изненадена како и другите откако го освои рекордниот 15-ти медал на Светското првенство во комбинација со нејзината партнерка, Бризи Џонсон. „Беше брилијантен ден и на некој начин малку неочекуван бидејќи имаше неколку предизвикувачки недели и месеци. Да се ​​излезе со Бризи и да се освои злато беше навистина неверојатно“ – рече Американката. Ќе потсетиме дека Шифрин во изминатиот ноември претрпе потешка повреда во пределот на стомакот.

Read More

Денеска ќе продолжи Релито во Шведска (WRC) и тоа со три предвидени етапи кои ќе бидат возени по два пати во текот на денов додека завршниот спринт ќе биде во доцните вечерни часови. Велшанецот, Елфин Еванс, засега е лидер пред второто коло од сезоната на Светскиот рели шампионат откако доцна синоќа  го постави најбрзото време на супер-специјалната етапа „Умеа Спринт“ . На второто место е двократниот светски шампион, Кале Рованпера а третото го има Оит Танака со возилото на Хјундаи.

Read More
NBA

Четирикратниот шампион на Националната кошаркарска асоцијација, Дрејмонд Грин, го сподели своето мислење за предностите што ги доби Голден Стејд со купувањето на Џими Батлер од Мајами Хит. „Тоа ни помага да го подобриме тоа што го имаме. Со неговото доаѓање, нашата вера стана посилна отколку што беше порано. Тоа е како ноќ и ден“ – рече Грин. Голден Стејт моментално се наоѓа на десетото место во поредокот во Западната конференција на НБА.

Read More

Челниците на Реал Мадрид сакаат да му го продолжат договорот на напаѓачот, Винициус Жуниро, откако се погласни се шпекулациите дека за неговиот потпис се заинтересирани екипи од Саудиска Арабија.   Бразилецот има тековна соработка со „кралевите“ до летото во 2027 година но, шпанскиот гигант сака да го задржи подолг период. Во исто време, самиот играч изјави дека сака да остане на „Сантијаго Бернабе“.

Read More

Челниците на Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Масар Омерагиќ и в.д. генералниот секретар Дрилон Ганиу, на покана на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, престојуваа во официјална посета на Нион и разговараа со првиот човек на европската фудбалска организација и неговите најблиски соработници предводени од Зоран Лаковиќ, директор на Национални асоцијации. Претседателот на ФФМ, Омерагиќ го информираше претседателот Чеферин за клучните цели на нашата организација во следниот период, кои првенствено се однесуваат на заеднички инвестиции во инфраструктура, реформите во македонскиот фудбал и изградба, реконструкција и обнова на фудбалските терени во нашата држава. -Постои почит и огромна желба меѓу нас да ги најдеме најдобрите решенија за одредени предизвици со кои се соочуваме за да продолжиме да го…

Read More

Тренерот на Рома, Клаудио Раниери, бил испровоциран од новинарско прашење зошто „волчицата“ не купила фудбалери во зимскиот преоден рок. „Ќе му кажам на претседателот да потроши повеќе пари, да прифати 3-4 години забрана за настап на европските турнири, така нема да се пласираме во Лигата на шампионите и сите ќе бидат среќни“ – рекол Раниери и ја напуштил средбата со новинарите. Раниери претходно има потенцирано дека клубот од Рим мора да го почитува финансискиот фер-плеј и затоа не може да троши пари на нови играчи.

Read More

Фудбалерите на ПСВ денеска во вечерниот термин ќе гостуваат кај италијанскиот Јувентус во првата фаза на елиминации. Еден од најискусните во редовите на екипата од Ајнтховен, Лук Де Јонг, знае дека ќе биде исклучително тешко гостување на „Чизмата. „Се наоѓаме во момент кога работите одат послабо. Не можеме секогаш да настапуваме на врвно ниво, но, мора да се обидеме тоа да биде само во ретки случаеви. Сега ќе имаме таква можност“ – рече Де Јонг. „Сите се разочарани од тоа како се одвиваат работите но, момците добро се согласуваат. Ние сме многу мотивирани. Мораме да работиме исклучително напорно и да…

Read More

Кевин Де Бруин очекува тешка пресметка со Реал Мадрид во првата елиминациска фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Неговиот Манчестер Сити денеска од 21.00 часот на стадионот –„Етихад“ ќе му биде домаќин на најтрофејниот состав кога станува збор за елитната конкуренција во Европа. „Играв против Реал Мадрид практично во секоја фаза од турнирот. Знам за што се работи подобро од другите играчи. Значајно е да пристапиме кон мечот максимално сериозно” – потенцираше играчот на „граѓаните“.

Read More