Author: dino

Хрватска е првиот полуфиналист на Светското ракометно првенство. „Коцкестите“ вечерва во драматичен меч во Арената во Загреб ја совлада Унгарија со 31:30 Унгарците водеа со четири плус во завршните 5 минути но, домаќните благодарение на три одбрани на Пешиќ и серија на погодоци дојдоа до изедначување 30-30. Унгарија во последните триесет секунди не искористи напад за победа по што стигна казната со голот на Шипиќ буквално во последната секунда. Во победничкиот тим Главаш постига шест голови а Шипиќ и Срна имаат по пет. Кај Унгарците се издвои Илиќ со осум реализации.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, го напушта Лајпциг и се сели на позајмица во екипата на Торино. Иако претходно имаше најава дека нашиот интренационалец ќе замине во Шпанија во Валенсија, работите драстично се променија. Елмас сега ќе игра во калчолигашот до крајот на сезоната по што Торино ќе може да му го откупи договорот за 17 милиони евра. Ќе потсетиме дека Елмас има искуство од „Чизмата“ бидејќи пет сезони го носеше дресот на Наполи или од 2019 до 2024 година.

Read More

Фудбалерот на Аталанта, Адемола Лукман, почувствувал болка во коленото за време на денешниот тренинг и веднаш бил испратен на детални прегледи по што е утврдено дека има проблем со лигаментите на коленото и мора да пауза од три до четири недели. Тој нема да игра утре во ЛШ а потоа и на мечевите со Торино,  Болоња, Верона, Калјари и Емполи во Серија „А“. Тимот од Бергамо е на добар пат да влезе во Топ 8 во ЛШ. Засега котира високо и во шампионатот на Италија.

Read More

Фудбалерот, Виктор Бонифејс, е во завршни преговори за трансфер во Ал Наср и наскоро ќе му стане соиграч на Кристијано Роналдо. Според најавите, клубот од Ријад e во напредни преговори со Баер Леверкузен а 24-годишниот напаѓач денеска не тренирал. „Фармацевтите“  би требало да заработат околу 50 милиони евра за трансфер на Нигериецот.

Read More

Фудбалерот на Ливерпул, Коди Гакпо, нагласи дека сите во тимот знаеле дека уште од првиот ден под водство на новиот менаџер Арне Слот, ќе имаат одлични резултати. Тој додаде дека Слот е одличен тактичар и дека е целосно способен да го надгради тоа што го направи во претходните девет сезони, Германецот, Јирген Клоп„Причината за тоа е минатата година кога бевме одлични до последните десет натпревари. Потоа се тргна наопаку. Знаевме дека сме блиску, но не можевме да го направиме последниот чекор“ – рече Гакпо

Read More

Ракометарот на Франција, Самир Белачене, кој се повреди на тренинг и беше принуден да ја напушти француската селекција по само два натпревари на Светското првенство, проговори пред новинарите. Францускиот голман првата фаза од лекувањето ја имаше во Монпелје. Тој набрзо ќе замине во неговиот состав, Келн. „Имам контузија на мускулот над десното колено. Мислам дека повеќе проблеми ми прави стравот отколку повредата. Во секој случај ќе мора да одмарам околу две недели“ – изјави ракометарот на „галските петли“.

Read More

Ракометарот на Германија, Јури Нор , доби зелено светло да настапи во четвртфиналето на ракометниот Мундијал. 24-годишниот играч кој поради болест ги пропушти натпреварите од главната рунда, денеска замина за Осло. Таму в среда од 20.30 Германија ја очекува тешка битка со најпријатното изненадување, селекцијата на Португалија. „Досега ми оди добро. Направивме уште еден тест на крвта и вредностите се добри. Подготвен сум за четврт-финалето“ – рече Нор пред заминувањето за Норвешка.

Read More

Репрезентативецот  на Франција, Ромен Лагард, се осврна на пласманот на „триколорите“ во четвртфиналето на Светското првенство. „Целта беше да се остане непоразен и пред се да нема никакви повреди, тоа е готово, така што јас сум прилично среќен. Можеме да одиме во Загреб со голема самодоверба, наше е добро да одиграме во четвртфиналето“ – рече левиот бек. Според новиот распоред што го направи ИХФ,  „триколорите“  утре од 21.00 часот  ќе играат против Египет во Арената во Загреб.

Read More

Ракометарот на Хрватска, Филип Главаш, беше нерешлива енигма за словенечките голмани. Тој на вчерашниот меч во Загреб имаше сто проценти реализација од линијата од седум метри. „Не отворивме добро но, публиката не подигна кога требаше а ние се организиравме во одбраната и успеавме. Словенија одигра борбено, тие се одлична екипа, знаевме дека ќе биде потешко отколку против Исланд“ – вели Главаш. „Сега не чека Унгарија а со нашите гледачи само небото е граница. Среќен сум за Дувњак, тој е нашата душа и срце на тимот, па не сакавме тоа да биде негов последен натпревар“ – рече Главаш.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, не го крие задоволството по вчерашната убедлива победа на теренот на Лече. Неговиот тим славеше со 4-0 благодарение на головите на  Давиде Фратези, Лаутаро Мартинез, Дензел Дамфрис и Мехди Тареми. „Делувавме организирано и агресивно бидејќи знаевме дека Лече нема да се плаши да не нападне. Се надевам дека играчите ќе издржат бидејќи неколку месеци играме натпревари на секои три дена“, изјави Инзаги. „Битката за титулата ќе продолжи до крајот“ – вели тренерот на „нерозурите“.

Read More