Author: dino

Поранешниот репрезентативен голман на Данска, Питер Шмајхел, кој му е  татко на првиот чувар на мрежата на Данците на ЕП, Каспер,  вели дека играчите на Данска имаат сила да одат во финалето против Италија. „Да бидам искрен, мислам дека Данска е фаворит. Ноќта кога во четврт-финалето игравме со Велс беше точно 29 години по нашиот триумф во 1992 година. Мислам дека сме многу добра фудбалска нација, стигнавме до четвртфиналето на Светското првенство“ – вели Питер. „Мислам дека ќе биде изедначен меч. Сите сонуваат да играат на Вембли“ – Питер Шмајхел.

Read More

Семејството на шпанскиот напаѓач, Алваро Мората, повторно беше предмет на сериозни закани поради настапот на фудбалерот за време на Евро 2020. Претходно играчот на Јувентус објави дека навивачите на „Фуријата“испраќале закани кон него и неговите роднини бидејќи не биле задоволни од неговите настапи. Сега пак, истото го направиле и навивачите на Италија откако Мора го постигна изедначувачкиот погодок на вчерашниот меч против „аѕурите“. Воедно и сопругата на фудбалерот, Алис Кампело, родена во Венеција, сподели на Инстаграм неколку непријатни пораки што ги добила од лутите навивачи.

Read More

Градоначалникот на италијанската престолнина Рим, Вирџинија Раџи, може да ги отвори вратите на стадионот –„Олимпико“ и да дозволи навивачите на Италија да го гледаат на голем видео бим финалето на ЕП. Таа ја напиша понудата на Твитер веднаш по синоќешниот пенал-рулет во кој Италијанците славеа против Шпанија. Раџи напиша дека Олимпико треба да биде отворен за навивачите „со ограничен капацитет поради мерките Ковид-19“. Стадионот во Рим беше домаќин на три натпревари од групната фаза на Европското првенство и четвртфиналето меѓу Англија и Украина.

Read More

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, испрати покана до данскиот капитен Кристијан Ериксен, неговата сопруга и шестмината медицински лица кои му го спасија животот, да му бидат гости на финалниот меч на ЕП. Сепак, сè уште нема потврда дека Ериксен, кој се избори со смртта, ќе може да присуствува на натпреварот в недела. Како што е познато, играчот за врска на Интер доживеа срцев на првиот меч со Финска на Евро 2020. Вечерва Данска ќе игра против Англија на стадионот „Вембли“ во второто полуфинале на турнирот.

Read More

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, рече дека комплет билети за финалето на Евро 2020 ќе бидат поделени меѓу жителите на главниот град кои биле вакцинирани против корона-вирусот. „За нас е многу значајно да продолжиме да го зголемуваме бројот на младите луѓе кои доаѓаат да се вакцинираат.  Делењето на билетите е златна шанса за секого да биде на стадионот на ден што може да биде неверојатен за нашата нација“ – изјави Хан за – „Скај Спорт“. Секое лице што ќе се вакцинира ќе добие по две влезници за големото финале закажано в недела на стадионот –„Вембли“.

Read More

Супер компјутерот од – „TATS PERFORM“, една од најголемите аналитички спортски куќи на светов, ја објави прогнозата за полуфиналните мечеви и финалниот дуел на Европското првенство. Откако со различни алгоритми се пресметани сите калкулации, најголеми шанси за титулата и се дава на Италија – 39,8 проценти пред Англија со 29,4. На Данците им се даваат само 8,4 проценти дека ќе бидат победници на ЕВРО 2020 додека Шпанците  имаат – 22,4 проценти.

Read More

Откако Велика Британија и УЕФА останаа на одлуката да нема навивачи од Шпанија, Италија и Данска на завршните мечеви на Европското првенство поради зголемениот број на заразени со ковид-19, реагираше селекторот на Италијанците, Роберто Манчини. „Мислам дека не е фер. Подобро е кога има полни трибини а враќањето на навивачите е одлично фудбалот. Мислам дека одлуката не е коректна. Едната половина требаше да биде исполнета со Италијанци а другата со Шпанци“ –  рече Манчини. УЕФА дозволи на стадионот – „Вембли“ да има  60.000 луѓе, но, тоа ќе бидат главно локални навивачи или Италијанци, Шпанци и Данци кои живеат и работат…

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го советуваше претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас да научи од Премиер како се работи на промоција и афирмација насекаде низ светов. „Во Премиер-лигата раководството е подобро, шампионатот се гледа и во Азија. Во Шпанија можеби станува збор за единствениот бизнис кој се гледа со потценување кон тие што сакаат да инвестираат“ – вели Гвардиола. „Манчестер Јунајтед, Сити, Челзи и Ливерпул се економски силни клубови кои  сакаат да реинвестираат за да може клубот да расте. Г-дин Тебас, нека гледа во туѓ двор и нека научи. Можеби Барселона, Реал и Атлетико Мадрид и…

Read More

Ветеранот, Томас Милер, индиректно го обвини селекторот на Германија, Јоаким Лев за неуспехот на ЕУРО 2020. „Панцирите“ беа елиминирани во осминафиналето по поразот од Англија а според ѕвездата на Баерн Минхен, проблемот бил во тактичката поставеност на теренот. „Де факто потфрливме поради нашата колеблива шема на дефанзива која имаше главна цел да не примиме гол“ – рече Милер, цитиран од весникот – „Билд“. Селекторот, Лев, наметна шема со тројца стопери, но, тоа се покажа како лош избор бидејќи Германија прими дури седум голови на 4 средби. Два од нив беа на мечот со „Гордиот Албион“.

Read More

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике, пред утрешниот меч со Италија во првото полуфинале на Европското првенство, вели дека противникот игра убав фудбал. Натпреварот е утре во 21:00 часот на „Вембли“. „Станува тешко. Ќе се сретнеме со Италија која игра прекрасен фудбал и добро се движи во напад и одбрана. Сакам фудбалерите да се забавуваат и да одиграат без притисок“ – рече Енрике. „Ја сакам Италија, ми се допаѓа Рим – неверојатен град во кој имав прекрасен престој една година. За мене е задоволство да играм против Италија. Можеме да победиме, да ремизираме или да загубиме, но, убеден сум дека ќе…

Read More