13 играчи кои се дел од селекцијата на Шпанија која брои вкупно 24 фудбалери на Европското првенство освоиле вкупно 22 трофеја од континеталните собири во конкуренција на: 17, 19 и 21 година. Само тројца од „црвената фурија“ не играле на Европско првенство во било која возраст. Тоа се: голманот Роберт Санчез, Емерик Лапорте (бидејќи играше за Франција) и Жерард Морено. „Изборот беше дизајниран за Светското првенство во 2022 година, но, играчите созреаа побрзо и резултатот можете да го видите тука. Многу порано од очекуваното можеме да ги користиме младите фудбалери. Тоа е успех за нашиот фудбал“ – прокоментира претседателот на…
Author: dino
Околу 180.000 гледачи се очекуваат на трибините на стадионот – „Вембли“ за завршните мечеви на Евро 2020, изјави британскиот организациски комитет. На 6 и 7 јули ќе бидат одиграни полуфиналните натпревари: Италија – Шпанија и Англија – Данска додека големото финалето е закажано на 11 јули. На секој од трите меча треба да има околу 60.000 гледачи, што значи дека Вембли ќе биде исполнет со 2/3 од капацитетот кој е 90.000. Претходно за средбите во групната фаза и во 1/8 финалето, присуствуваа максимум 22.500 гледачи. На натпреварот Англија и Хрватска имаше 18.497 , средбата Англија – Шкотска донесе 20.306 фанови,…
Играчот од средниот ред на Данска, Томас Делејни, кој беше избран за фудбалер на мечот со Чешка , истакна дека противниците дејствувале премногу активно во нападот и дека тоа го приморало неговиот тим да се брани. „Не игравме како што сакавме, но, успеавме да го извлечеме посакуваниот резултат и да влеземе во полу-финале. Тоа е неверојатно искуство”, рече Делејни. „Поставивме за цел да се вратиме на Вембли и сега сме тука. Со нетрпение го очекувам тоа. Поддршката што ја добиваме и радоста што ја чувствуваме. Од Данска до Баку, не прави горди” – нагласи репрезентативецот на Данска.
Чешкиот голман, Томас Вацлик, мирно ја прифати елиминацијата од Данска на Евро 2020 откако неговата селекција загуби со 2:1. „Никој не веруваше во нас, но, ние се држевме заедно. Постои силен тимски дух. Имаме нешто посебно што не одржува. Со текот на времето, мислам дека ќе најдеме само позитивни работи“ – изјави Вацлик. „Загубивме и мора да си одиме дома, сепак, морам да кажам дека сум горд на тимот со денешниот настап особено во второто полувреме. Можеме да заминеме со подигнати глави, чувствувајќи дека дадовме се од нас“ – рече голманот на Чешка
Британскиот премиер, Борис Џонсон и честиташе на фудбалската репрезентација на Англија за победата против Украина во четврт-финалето на Евро 2020. „Одличен настап за Англија вечерва. Сите ќе бидеме со вас во полу-финалето. Вратете се дома“ – напиша на социјалната мрежа –„Твитер“, Премиерот, Џонсон. Мечот меѓу „Гордиот Албион“ и Данска ќе биде одигран на 7 јули (среда) на Вембли во Лондон пред 60 000 гледачи.
Капитенот на Данска, Симон Кјаер, по победата против Чешка и пласманот во 1 /2 финалето на ЕП, откри дека целите на тимот биле големи и пред почетокот на шампионатот. „ Сакавме да одиме на „Вембли“. Ќе лажам ако кажам дека ќе бидеме задоволни само со полу-финалето. Треба да ја вратиме силата бидејќи ќе имаме нов натпревар за четири денови” – рече Кјаер и се осврна на мечот со Чешка. „Требаше да работиме многу напорно и да одиграме подобра одбрана. Веројатно премногу им дадовме иницијатива, но, заслужено одиме натаму“ – изјави репрезентативецот на Данска.
Напаѓачот на Англија, Хари Кејн, кој вчера погоди два пати на мечот со Украина во 1/ 4 финалето на Европското првенство, сега има само 1 гол помалку од рекордот на Гери Линекер кој ја заврши кариерата со 10 погодоци на големите натпреварувања. Тоа значи дека фудбалерот на Тотенхем ќе има можност на средбата со Данска закажана в среда на „Вембли“, да го изедначи или евентуално и да го надмине рекордот на Линекер. Интересно е тоа што поранешниот напаѓач сите голови ги постигнал на Светските шампионати. Кејн кој во дресот на Англија има 59 мечеви во сите конкуренции, има постигнато 37…
Фудбалерите на Англија вчера ја совладаа Украина со сигурни 4:0 и си обезбедија место во полу-финалето на Европското првенство кое ќе го одиграат против Данска на легендарниот стадион – „Вембли“. Селекторот на „Гордиот албион“, Герет Саутгејт, по доминацијата на мечот со Украинците, се обиде да објасни зошто неговите избраници имаат одлична серија беа примен гол и зошто обезбедија место во самата завршница на турнирот. „Играчите беа феноменални. Тука мислам на сите. Ние имаме тимски дух, многу репрезентации испаднаа бидејќи немаа такво нешто “ – вели Саутгејт.
Миа Блажевска – Еминова е предложена од МОК и ФИНА да биде македонска претставничка во пливање на Летните олимписки игри во Токио 2020! „Таа има најдобар резултат меѓу најдобрите македонски пливачки (741 ФИНА поени), постигнат во Белград, на 20 Јуни 2021 година. Миа на овој меѓународен митинг, на трката на 100 метри – слободно, постигна време од 57.13 секунди, резултат со кој го стекна правото да се натпреварува на Летните олимписки игри во Токио. Миа има 15 години 11 години професионално се занимава со пливање. Мораме да признаеме дека нешата пливачка надеж е вистинска рекордерка!“ – информираат од Македонскиот олимписки…
Денеска беа формирани групите за новата сезона во Лигата на ракометните шампиони. Единствениот наш претставник Вардар, ќе игра во групата „А“ заедно со: Кил (Германија), Мол (Унгарија), Алборг (Данска), Монпелје (Франција), Мешков Брест (Белорусија), Елверум (Норвешка) и Загреб (Хрватска). Во групата „Б“ се сместија екипите на : ПСЖ (Франција), Барселона (Шпанија), Порто (Португалија), Киелце (Полска), Веспрем (Унгарија), Фленсбург (Германија), Динамо Букурешт (Романија) и Мотор Запорожје (Украина). Според пропозициите, ќе бидат одиграни 14 кола по принципот дома-гости а на крајот првите две екипи од секоја група ќе одат директно во 1 /4 финалето. Составите кои ќе бидат од третото до 6-то…
