Шпанската фудбалска – Ла Лига, ја објави програмата за претстојната сезона 2021/22 која ќе започне на 15 август. Тогаш шампионот Атлетико Мадрид ќе гостува кај Селта додека Реал Мадрид ќе игра во Баскијa со Алавеш. Барселона ќе го започне првенството дома против Реал Сосиедад. Првото – „Ел Класико“ меѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се случи на 24 октомври кога домаќини ќе бидат Каталонците а второто ќе биде на 20 март во 2022, на стадионот во Мадрид. Градските дерби мечеви во шпанската престолнина меѓу Реал и Атлетико се закажани на 12 декември и 8 мај.
Author: dino
Генералниот директор на УФА, Шамил Газизов, го оцени настапот на фудбалерот од средниот ред на украинската репрезентација, Олександар Зинченко, на вчерашниот меч со Шведска. Украинците продолжија понатаму на ЕП и сега ги чека мечот со Англија. „Секако, му пишавме на Саша и му честитавме за успешниот натпревар. Зинченко беше најдобар на теренот против Швеѓаните, тој го донесе тимот во четвртфиналето на Евро 2020 – резултатот зборува сам за себе. Го видов интервјуто по натпреварот, каде Саша зборуваше низ солзи … Јас го разбирам совршено“ – вели Газизов. „Тоа беше тежок момент, емоциите се огромни – тоа е нормално“ – рече…
Легендата на англискиот фудбал, Алан Ширер, проценува дека „Гордиот Албион“ има широко отворена врата да го освои победничкиот пехар на Европското првенство. Селекцијата што ја предводи, Герет Саутгејт, ја совлада Германија со 2-0 во Лондон и во четвртфиналето ќе се соочи со селекцијата на Украина која по продолженијата со 2:1 ја елиминираше Шведска. Доколку „трите лава“ ја совладаа Украина, тогаш ќе играат во полуфиналето (на Вембли) со победникот од мечот меѓу Чешка и Данска. „Фудбалерите ја победија Германија на импресивен начин. Англија нема да има никогаш подобра шанса. Ако се пласираат во финалето, тоа ќе бидат 6 натпревари на Вембли“…
Главниот лекар на Динамо Киев, Андреј Шморгун, зборуваше за резултатите од прегледот на напаѓачот, Артјом Беседин, кој беше сериозно повреден на мечот Шведска – Украина. „Беседин беше подложен на МРИ преглед. На скенирањето се гледа делумна повреда на задниот вкрстен лигамент, делумна повреда на внатрешните и надворешните странични лигаменти како и фрактура на феморалните кондили“ – изјави Шморгун. „Се консултираме со трауматолози и хирурзи за процесот на лекување. Периодот на опоравување е околу шест месеци“ – изјави Шморгун.
Шпанскиот фудбалски тренер, Рафаел Бенитез, го презеде кормилото на Евертон, се вели во објавата на официјалната веб-страница на англискиот клуб. Договорот ќе му биде на три години. Бенитез ќе започне со работа на 5 јули. „Воодушевен сум што се приклучувам на Евертон. Бев импресиониран од амбициозните планови за кои ми кажаа претставниците на клубот. Сакам да бидам успешен“ – вели Бенитез. Специјалистот има работено во Ливерпул, Реал Мадрид, Наполи, Челзи, во голем број шпански клубови и во кинескиот состав Далиан Про.
Претседателот на здружението на навивачите на финската репрезентација, Марко Карвинен, рече дека неговите сонародници испраќаат навредливи пораки до организацијата и фановите кои се вратија од Русија заразени со Ковид-19. „Има навредливи пораки. Тоа е прилично сурово и тие луѓе би било добро да размислат што праќаат. Јас не сум толку ранлив, но, дел од од раководството ги прима обвинувања при срце. Знаеме дека сторивме сè што е во наша моќ“ – вели Карвинен. Претходно беше објавено дека секој десетти фински навивач кој се вратил дома по патувањето во Санкт Петербург на Европското првенство, бил заразено со КОВИД-19.
Селекторот на Унгарија, Марко Роси, се пошегува со Португалија, Франција и Германија кои се пласираа во елиминациите и таму го завршија учеството. Трите земји беа во групата на смртта во која Унгарците завршија последни. „Морепловците“ предводени од Кристијано Роналдо загубија со 1-0 од Белгија, „петлите“ сензационално беа елиминирани од Швајцарија додека Германија беше совладана од Англија. Затоа Роси ја искористи можноста да се потсмева на поранешните ривали поставувајќи колаж на Инстаграм, на кој се вметнати и Кристијано Роналдо, Мануел Ноер и Килијан Мбапе. Сите изгледаат фрустрирано држејќи куфери среде плажа. „Се гледаме наскоро на плажа!“ – е коментарот на Роси…
Поранешниот селектор на Германија, Берти Фокс, кој ја донесе последната европска титула во 1996 година – им дава предност на сонародниците во денешното осминафинале на Евро 2020 против Англија. „Колку подолго остане резултатот 0-0, толку е поголема шансата за победа. Домаќините сигурно ќе бидат под поголем притисок“ – вели Фокс. „ Ако се приближат пеналите, тие ќе започнат да се нервираат. Стравот од можен пораз е историски оправдан“ – рече 74-годишниот Фокс.
Поранешниот фудбалски репрезентативец на Германија, Михаел Балак, верува дека „панцирите“ можат да слават на денешниот меч со Англија на „Вембли“ и на тој начин да го продолжат патот кон големото финале на ЕП. „Англичаните не примија гол, но, имаат проблеми со нападот. Кејн не постигнува голови и нема вистинска опасност за противникот. Мислам дека средниот ред на Англија е слаба точка. Тоа треба да се искористи на денешниот меч“ – вели Балак. Средбата меѓу Англија и Германија ќе биде одиграна денеска од 18.00 часот на легендарниот стадион -„Вембли“ во Лондон.
Капитенот на фудбалскиот состав Манчестер Сити, Фернандињо, ќе остане во клубот и наредната сезона откако потпиша нов договор до наредното лето. Tоа значи дека 36-годишниот ветеран најверојатно ќе ја заврши кариерата на стадионот -„Етихад“. Фернандињо кој одигра осум сезони со „граѓаните“,успеа да освои 12 трофеји. Бразилецот на 350 натпревари постигна 24 погодоци и направи 28 асистенции.
