Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез има голема почит кон Италија. Двата тима денеска ќе бидат ривали во четвртфиналето на Евро 2020. На задолжителната прес-конференција, Мартинез ја коментираше ситуацијата со повредените Еден Азар и Кевин Де Бруин кои го напуштија тренингот порано. „Одлуката за нивно учество ќе биде донесена во последен момент пред натпреварот. Има сериозен напредок со Еден, но можеби тоа не е доволно за да започне. Ситуацијата на Кевин е слична, ќе видиме како ќе се чувствува“ – рече Мартинез. „Италија е храбра репрезентација, многу кохезивна. Тие играат брзо и вршат висок притисок. Мора да го почитуваме противникот иако…
Author: dino
Денеска во Виена ќе бидат формирани групите за новата сезона во ракометната Лига на шампиони за мажи. Македонија ќе го има само тимот на Вардар кој ќе биде извлечен од вториот стаклен сад заедно со Алборг (Данска), Киелце (Полска) и Порто (Португалија). Еве како се распоредени екипите пред формирањето на групите. Pot 1 ESP – Barça GER – THW Kiel HUN – MOL-Pick Szeged FRA – Paris Saint-Germain Handball. Pot 3 BLR – HC Meshkov Brest GER – SG Flensburg-Handewitt HUN – Telekom Veszprém HC FRA – Montpellier HB Pot 4 UKR – HC Motor CRO – HC PPD Zagreb…
Фудбалерот за врска на украинската репрезентација, Руслан Малиновски, вели дека неговата селекција треба да биде максимално фокусирана за да може да ја елиминира Англија во четврт-финалето на Евро 2020. „Притисокот е врз противникот. Треба да го искористиме тоа. Научивме лекција од натпреварот со Шведска и сега сме посамоуверени. Не можеме да си дозволиме да направиме грешки против Англија“ – вели Малиновски. „Кога сме во улога на аутсајдер, тоа само нè мотивира уште повеќе. Сакаме да не потценуваат. Англија има многу sвезди – Кејн, Стирлинг и други. Ние ги знаеме силните страни на противникот и свесни сме дека мора да играме…
Извршниот директор на Сасуоло, Џовани Карневали, потврди дека Арсенал испратил понуда за фудбалерот, Мануел Локатели, кој прикажува одлични партии во дресот на Италија на евро-шампионатот. „Тие притискаат за Мануел а нивната понуда е значајна, ќе видиме што ќе се случи.Исто така и Јувентус го сака Локатели а ние сме во специјални односи со нив. Имаме закажано и нов состанок со луѓето од Јувентус -изјави Карневали. Локатели беше купен од Милан во 2018 година. Тој досега во дресот на Сасуло одиграл 96 мечеви на кои постигнал 6 голови.
Репрезентациите на Италија и на Белгија денеска од 21.00 часот ќе се сретна на – „Алијанц Арена“ во Минхен во рамките на 1 / 4 финалето на Европското фудбалско првенство. Токму пред мечот, селекторот на „аѕурите“, Роберто Манчини, ја опиша Белгија како најдобриот тим на светот. „Во последниве три години тие се најдобриот тим на листата на УЕФА. Ја почитувам Белгија, но, мора да играме како што знаеме, свесни сме за нашите можности “, прокоментира Манчини. „Имавме тежок меч со Австрија и заслуживме да победиме. Не постојат лесни натпревари, тоа сите го гледаме“ – вели Манчини.
Селекторот на фудбалерите на Шпанија, Луис Енрике, има пофални зборови за Швајцарија в пресрет на денешното 1 / 4 финале на Европското првенство. Двата тима ќе се соочат од 18:00 часот во Санкт Петербург. „Реалноста е дека Швајцарците дојдоа до тука. Ние многу добро ги познаваме од натпреварите во Лигата на нации. Тие се стабилни во одбраната и знаат да притискаат и напаѓаат. Ќе ни биде многу тешко, но, досега на ЕУРО не видов посилен тим од нашиот “ – прокоментира Енрике. „Имаме една од најстабилните одбрани. Физички сме добри, сè уште не сум одлучил дали ќе направам промени во…
Кошаркарите на Милвоки Бакс во текот на ноќта славеа против Атланта со 123:112 и дојдоа на само еден чекор до големото финалето во Националната кошаркарска асоцијација на САД и Канада. Холидеј постигна 25 поени и забележа 13 асистенции додека Мидлтон дојде до 26 поени и 13 скока. За тимот на Атланта, Богдан Богдановиќ забележа 28 поени додека Колинс и Галинари постигнаа по 19. Двата тима мораа да играат без лидерите – Милвоки беше без Јанис Адетокумбо, кој го истегна коленото на четвртиот натпревар од серијата додека Атланта беше без плејмејкерот Треј Јанг. „Бакси“ кој имаат предност од 3-2 во победи,…
Селекторот на руската репрезентација, Станислав Черчесов, ја презеде одговорноста за неуспешниот настап на ЕП. Техничкиот комитет на Рускиот фудбалски сојуз денеска ја опиша работата на Черчесов како незадоволителна. Русија заврши последна во групата Б. „Зборнаја“ ја победи Финска а загуби од Белгија и Данска . Министерот за спорт, Матицин и претседателот на РФУ, Дјуков, исто така дадоа негативна оценка за перформансите на тимот. „Сакам да им се заблагодарам на сите членови на техничкиот комитет за објективната критика. Нашата цел беше да постигнеме максимални резултати и признаваме дека не успеавме. Јас не сум ослободен од одговорност“ – изваи Черчесов.
Репрезентативецот на Белгија, Дрис Мертенс, кој игра за Наполи, не крие дека е возбуден што ќе се соочи со Италијанците и нивниот стил кој добро го познава. Двете селекции ќе се соочат в петок во четврт-финалето. „Тие играат неверојатен фудбал. Целиот тим е опасен. За мене, натпреварот е многу посебен, италијански тим ги воодушеви сите на турнирот” – рече Мертенс. 34-годишниот фудбалер кој од 2013 година, го носи дресот на Наполи, сега ќе се соочи со неговите клупски колеги: Лоренцо Инсине, Џовани Ди Лоренцо и Алекс Мерет.
Главниот дефанзивец во редовите на Италија, Џорџо Киелини, веројатно ќе биде во почетниот состав на Италија на средбата со Белгија во четвртфиналето на Евро 2020. Капитенот на „аzурите“ се здоби со повреда на натпреварот против Швајцарија во групната фаза и мораше да ги пропушти наредните наредните два меча. Тој во изминатиот период тренираше индивидуално и успеа да се врати во посакуваниот ритам за да може да биде активен на теренот. Според – „Скај Италија“, Роберто Манчини на дуелот со Белгија ќе ги пријави во првата постава истите фудбалери со кои започна на мечот со Австрија. Единствена промена ќе биде Киелини…
