Author: dino

Легендарниот француски тренер, Арсен Венгер,  не крие дека е изненаден од вчерашната сензационална елиминација на „галските петли“. Франција која беше главниот кандидат за титулата, доживеа елиминација од Швајцарија по изведувањето на пеналите. „Тимскиот дух не смее да се доведе во прашање. За жал, имавме проблем, премногу ја базиравме играта на контра-нападите. На ваков собир се постигнуваат многу голови од изградени акции“ – изјави Венгер. „Франција покажа многу малку од тоа. Швајцарија имаше изградени акции и постигна такви голови“ – нагласи Венгер кој ја има улогата на стручен коментатор.

Read More

Германецот, Томас Ролер, нема да ја брани олимписката титула на Игрите во Токио во фрлање копје поради повреда на грбот. 29-годишниот атлетичар кој се повреди на еден од тренинзите, направи неуспешен обид да се врати на националното првенство и беше принуден да се повлече од настанот. „Морам да го слушам моето тело затоа што сакам да продолжам да се натпреварувам на високо ниво уште неколку години. Со учество на Олимпијадата ќе ризикувам премногу” – изјави европскиот шампион од 2018 година кој ја освои титулата на ЛОИ во Рио во 2016 година.

Read More

Играчот за врска на Челзи, Били Гилмор, се согласи во наредната сезона да биде испратен на позајмица во Норвич. Според „Скај Спорт“, Шкотланѓанецот ќе биде подложен на лекарски прегледи откако ќе му помине карантинот бидејќи во изминатиот понеделник даде позитивен резултат на корона-вирус. Карантинот ќе му истече в четврток. 20-годишниот кој беше избран за играч на натпреварот против Англија во групната фаза на Евро 2020, во претходната сезона одигра  11 натпревари за „сините“ од кои пет беа во Премиер лигата.

Read More

Стоперот во редовите на фудбалската репрезентација на Холандија, Матијс Де Лихт, признава дека неговиот црвен картон ја направил разликата во мечот со Чешка и влијаел на поразот од 2:0. „Загубивме поради мене, многу сум разочаран бидејќи го имавме мечот под контрола и не смеев да дозволам тоа да ми се случи. Ги гледав последните минути како тимот страдаше, се обвинував“ – вели Де Лихт. „Црвениот картон дефинтивно ја направи разликата. Чешка е физички силна, ни беше тешко. Болно е кога сте елиминирани на таков начин“- вели репрезентативецот на „лалињата“.

Read More

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, може да донесе изненадувачка одлука и да го вметне во почетна постава Мејсон Маунт на утрешниот меч со Германија на Европското првенство. Играчот за врска заедно со неговиот соиграч од Челзи, Бен Чилвел, тренираше одвоено од тимот повеќе од една недела бидејќи двајцата мораа да се изолираат по контактот со Били Гилмор, кој беше позитивен на тестот за ковид-19. Маунт и Чилвел можат да им се придружат на соиграчите дури утре откако ќе им истече карантинот. Сепак, според „Скај Спортс“, Саутгејт планира да го вклучи играчот од средниот ред во почетната постава.

Read More

Фудбалерите на Англија, Мејсон Маунт и Бен Чивел, кои беа во карантин откако имаа контакт со шкотскиот интернационалец Били Гилмор, кој беше позитивен на КОВИД-19, полека се вратија на индивидуални тренинзи. Бидејќи периодот за карантин им истекува в понеделник на полноќ, тие добија дозвола да работат одвоено од главната група и да вежбаат во теретаната на хотелот. Тоа значи дека дефанзивецот и играчот за врска ќе му бидат на располагање на селекторот, Герет Саутгејт за осмина-финалето со Германија во вторник. Чилвел сè уште нема запишано ниту една минута на Евро 2020 додека Маут беше меѓу главните играчи на „Трите лава“…

Read More

Германската фудбалска репрезентација не доби дозвола да тренира на стадинот –„Вембли“ пред мечот со Англија во осминафиналето на Евро 2020. Изговорот на домаќинот е дека тревата на стадионот во Лондон може да биде оштетена. Од истата причина, екипите на Австрија и Италија исто така беа принудени да бараат други терени за нивните активности пред денешниот дуел. Дербито меѓу Англичаните и Германците е во вторник во 19 часот а екипата на Јоаким Лев ќе лета на Островот од Нирнберг доцна попладне в понеделник. Победникот од мечот ќе игра во четвртфиналето со подобриот од дуелот меѓу Шведска и Украина.

Read More

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, в пресрет на четвртфиналето со Швајцарија, ќе мора да пронајде замена за Стартерот Лука Хернандез од Баерн Минхен и неговата резерва во репрезентацијата, Лука Дин од Евертон кои се повредени. Тоа значи дека еден играч во тимот ќе мора да биде прекомандуван да игра на позицијата лев бек. Прва опција е централниот дефанзивец на Пари Сен Жермен, Преснел Кимпембе, кој во младинските лиги има одиграно многу мечеви како лев бек. Втора опција за Дешамп е Корентин Толисо или Адриен Рабио. Двајцата играат лево во средниот ред, но, сега може да добијат дефанзивни задачи. Последната опција…

Read More

Капитенот на фудбалската репрезентација на Чешка, Владимир Дарида, е под знак прашалник за мечот со Холандија од осминафиналето на Евро 2020, објави Чешката фудбалска федерација. Играчот за врска на Херта го пропушти последниот трениг на тимот со мала повреда и не е јасно дали ќе може да учествува на натпреварот во Будимпешта. Чесите последниот тренинг го имаа во Прага, бидејќи технички проблем го одложи заминувањето за главниот град на Унгарија.

Read More

Летот на чешката репрезентација за мечот со Холандија во Будимпешта од четвртфиналето на Евро 2020 беше одложен за неколку часа поради несреќен случај. Утрото, откако тимот ги зазеде своите места и пилотот се подготвуваше да го напушти аеродромот во Прага, од непозната причина, беше активирана воздушна скала за итни случаи. Бидејќи обратниот процес трае многу долго, полетувањето беше одложено за попладнево. Чесите ќе играат против „лалињата“ в недела во 18 часот.

Read More