Македонската тениска Дејвис куп репрезентација со денешната победа против Молдавија успеа да се пласира во третата европска група. Во сингл дуелите, Калин Ивановски славеше со убедливи 6:1, 6:1 против Андреј Горба додека Горазд Србљак беше подобар од Максим Казак со 6:1, 6:0. Мечот во двојки не се играше бидејќи немаше никакво значење. Ќе потсетиме дека на турнирот на терените на ТК „Југ“ во Скопје, Македонија победи против Косово и Андора а единствениот пораз го претрпе од селекцијата на Сан Марино.
Author: dino
Данска пријави 16 позитивни тестови за корона-вирус на нејзините навивачи кои присуствуваа на последниот натпревар во рамките на групната фаза на Евро 2020 против Русија во Копенхаген, вклучувајќи четири со варијантата Делта. Денеска беше потврдено дека и неколку фински навивачи имале позитивен тест по враќањето од Русија по последниот натпревар од групната фаза на Евро 2020 против Белгија. Медиумите во Финска објавија дека досега кај 86 лица е дијагностициран КОВИД-19. Илјадници фински навивачи отпатуваа за Санкт Петерсбург за да го бодрат нивниот состав против Белгија. Од нив најмалку 800 на враќањето дома ја преминаа границата без да бидат тестирани за…
Паника го зафати таборот на Англија пред големиот натпревар со Германија во 1/8 финалето на Европското фудбалско првенство. Причината за тоа е што новинарот кој близок до „Трите лава“ дал позитивен тест за корона-вирус. Имено, репортерот на – „Скај Спорт“, кој е еден од ретките што речиси секој ден беше во тренинг базата и се дружеше со репрезентативците, дал позитивен резултат на Ковид 19 и веднаш е ставен во изолација. Англичаните се надеваат дека тестирањата пред мечот со „панцирите“, нема да покажат заболени во нивниот табор.
Започна психолошката војна пред големиот натпревар Англија – Германија. Имено, Велика Британија објави кошмарни вести за гостинските навивачи – никој од нив нема да биде примен на Вембли во вторник. Причина за тоа се епидемиолошките мерки поврзани со Ковид-19. Имено, доколку Германец влезе на Островот, ќе мора да покаже негативен тест за PCR и да биде во карантин во траење од 10 дена. Датумот на пристигнување не се брои. Затоа Англиската Амбасадата во Германија во официјалното соопштение испрати апел до Германците да не патуваат во Лондон бидејќи нема да можат да ги исполнат условите за да присуствуваат на мечот кој…
Одреден е идеалниот тим за групната фаза на Евро 2020, објави веб-страницата на УЕФА. Екипата е во шема 3-4-3 и во неа има најмногу претставници на Холандија – три а најмногу поени собра капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо. Во случај на идентичен број на поени, предност имаат играчите со помалку минути на теренот или со помала пазарна вредност. Идеален тим на ЕП: Голман: Џанлуиџи Донарума (Италија) – 18 поени, Дефанзивци: Дензел Дамфрис (Холандија) – 22, Емерик Лапорт (Шпанија) – 20 и Том Муниер (Белгија) – 18. Играчи од средниот ред: Андриј Јармоленко (Украина) – 20, Џорџино Ваиналдум (Холандија) – 23,…
Кошаркарскиот состав на Партизан, по 28 години го врати на кормилото најтрофејниот европски тренер, Жељко Обрадовиќ. „Црно-белите“ токму под диригентската палка на темпераментниот стратег ја освоија единствената титула во Евро-лигата во сезоната 1991/92. Обрадовиќ со 9 шампионски пехари во Евро-лигата освоени со различни клубови, стана и апсолутен рекордер. 61-годишниот тренер потпиша соработка со белгардскиот клуб за три сезони. Тој играше за Партизан од 1984 до 1991 а потоа две години седеше на тренерското место. Обрадовиќ во неговата тренерска кариера ги водели екипите на: Борац Чачак, Хувентуд, Реал Мадрид, Бенетон Тревизо, Панатинаикос и Фенербахче.
Италијанските фудбалски состави Милан и Јувентус, се заинтересирани за португалскиот репрезентативец, Ренато Санчез, објавија дел од медиумите на „Чизмата“. Тој втора сезона игра фантастично во Лил со што го привлече вниманието на многу европски гиганти. Санчез е еден од најдобрите на неговата позиција и на Европското првенство. Според наводите, францускиот состав за потписот на Португалецот бара 30 милиони евра.
Селекторот на Италија, Роберто Манчини, не ја потценува Австрија и прави планови за евентуално изведување на пенали доколку мечот заврши без победник. Италијанците и Австријците ќе се сретнат утре на стадионот –„Вембли“ во осмина-финалето на Европското првенство. „Газета дело Спорт“, тврди, дека Манчини го направил и списокот на фудбалери кои треба да шутираат од белата точка, тоа се: Жоржињо, Чиро Имобиле, Франческо Ачерби, Доменико Берарди и Леонардо Бонучи. „Аѕурите“ во групната фаза забележаа три победи со гол разлика 7-0. Австријците беа во нашата група и забележаа две победи.
Според извештаите од Аргентина, челниците на Манчестер Јунајтед се вклучиле во трката за играчот за врска на Ривер Плата, Николас Де Ла Круз. Репортерот на ТНТ Спорт, Себастијан Срур, ги презентираше најновите вести тврдејќи дека има пет европски клубови кои биле во контакт со 24-годишниот фудбалер во текот на летово. Тој ги откри имињата на Фиорентина и Манчестер Јунајтед, објаснувајќи дека играчот од средниот ред има трансферна вредност 16 до 20 милиони евра. Англискиот клуб би платил 20 милиони евра за да го купи Николас Де ла Круз
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница во „Куќа на фудбалот“ донесе одлука за назначување на Благоја Милевски за селектор на македонската А репрезентација.Сеуште актуелниот предводник на репрезентацијата до 21 година ќе ја преземе селекторската функција во А репрезентацијата од 1. август 2021 година. „Најпрвин, од мое лично и од име на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија упатувам благодарност до Игор Ангеловски за неговата работа и придонесот кој го даде за успесите со македонската А репрезентација.Игор Ангеловски самиот најави дека по завршувањето на Европското првенство ќе бара нови предизвици во својата кариера и сега е…
