Победата на Данска против Русија и поразот на Финска од Белгија го формираше и вториот пар за првата фаза на елиминации на Европското фудбалско првенство. Данците сега ќе играат со Велс додека Австрија претходно со победата против Украина си закажа пресметка со Италија. Во осмина-финалето се влезени и: Англија,Шведска, Швајцарија, Холандија, Чешка и Франција, кои дополнително ќе ги дознаат противниците. Континеталниот собир заврши за Турција, Русија и нашата селекција.
Author: dino
Англискиот фудбалски состав, Ливерпул, размислува да направи понуда за италијанскиот репрезентативец, Доменико Берарди. 26-годишното крило на Сасуоло се гледа како потенцијална замена за Мохамед Салах доколку Египќанецот биде продаден во текот на летово, наведува – „Газета дело Спорт“. Берарди направи уште една силна сезона во Серија А, запиша 30 натпревари, во кои постигна 17 голови и имаше 8 асистенции. Тој е стандарден стартер во изборот на Роберто Манчини од почетокот на Европското
Репрезентацијата на Турција се вбројува меѓу најголемите разочарувања на европското првенство откако во групата „А“ ги загуби дуелите со Италија, Велс и Швајцарија и мораше да си ги спакува коферите. Капитенот, Бурак Јилмаз, вели дека неговата селекција го немала потребниот квалитет на мечевите одиграни во Рим и во Баку. За лошите изданија се свесни и во таборот на Турција. „Не успеавме да се носиме со предизвикот на голем турнир. Играме добро во квалификациите за Светското, но,очигледно не сме подготвени за големи натпреварувања. Мора да учиме многу“ -истакна капитенот Бурак Јилмаз.
Репрезентативецот на Турција и член на италијанскиот Милан, Хакан Чалханоглу, не крие дека е максимално разочаран по елиминацијата од Европското фудбалско првенство уште по првата групна фаза. Неговата репрезентација не успеа да освои бод во групата „А“ откако загуби од Италија, Велс и Швајцарија. Турците постигнаа 1 гол а примија осум. „Јас сум многу разочаран од нашата игра и резултатите. Треба да ги видиме грешките и да учиме од нив. Не смееме да ја наведнеме главата. Ние сме млади и можеме подобро“ – потенцираше репрезентативецот на Турција.
Напаѓачот на Барселона, Осман Дембеле го напушти составот на Франција, пренесува „РМЦ“. Според изворот, напаѓачот ќе го пропушти продолжението на ЕП бидејќи ќе мора да оди на рехабилирација најмалку три недели за да ја санира повредата на коленото. 24-годишниот фудбалер во претходната сезона учествуваше на 30 натпревари во шпанското првенство, постигна 6 гола и даде 3 асистенции. На Евро 2020, Дембеле играше на двата меч од групната фаза. Во групата Ф, репрезентацијата на Франција е прва со 4 бодови, Германија и Португалија имаат по 3 а Унгарија е поседна со 1 бод.
Ракометарите на Вардар1961 подготовките за новата сезона ќе ги започнат на 15 јули во Скопје. Тука ќе бидат до 19-ти кога екипата ќе замине на Златибор и ќе остане до 29 јули. По враќањето од Србија, „црвено-црните“ ќе работат во Скопје и ќе се подготвуваат за настапот на Струшкиот турнир и на „Хумел купот“ во Магдебург. Во август се предвидени и четвртфинални средби од СЕХА лигата против ППД Загреб. Термините за сите наброени настани допрва ќе бидат одредени од страна на организаторите.
Македонскиот капитен Горан Пандев на официјалната прес-конференција пред мечот со Холандија, најави дека утре тој ќе го игра последниот меч во националниот тим. „Ова е мој последен натпревар во дресот на Македонија. Оваа генерација го направи најголемиот успех во историјата на фудбалеот, и сметам дека е вистински момент да се збогувам од националниот дрес. Им посакувам на овие момци уште многу успеси во иднина, и сигурен сум, познавајќи ги нивните квалитети дека уште многу пати во иднина сите ќе не радуваат“, рече Пандев. Тој кажа дека е среќен што се збогува на еден ваков начин, на големо натпреварување. „Среќем сум…
Полскиот репрезентативец Каспер Козловски го собори рекордот за најмлад играч во историјата на европските шампионати. Синоќа играчот за врска влезе како резерва против Шпанија на возраст од 17 години и 246 дена. Со тоа го подобри рекордот на англискиот репрезентативец Џуд Белингем, кој се појави во игра против Хрватска на првиот натпревар на Англија на ЕУРО 2020 на 17 години и 349 дена.
Макс Верстапен и Ред Бул триумфираа на ГН на Франција попладнево на патеката “Пол Рикар“. Супер интересен финиш, во кој Верстапен во претпоследниот круг успеа да го мине Хамилтон, до крајот ја задржа првата позиција и со тоа дојде до третата победа сезонава или вкупно 13 во својата кариера. Поважно е што Верстапен ја зголеми бодовната разлика на 12 бода во однос на Луис Хамилтон. На трето место заврши Серхио Перез, а чевртото место го освои Валтери Ботас.
Возачот на „Репсол Хонда“, Марк Маркез, по 19 месеци се израдува на победа во Мото ГП шампионатот и тоа на трката за Големата награда на Германија. Тој на отворањето на минатата сезона претрпе скршеница на надлактицата и девет месеци беше надвор од патеката. Осумкратниот светски шампион денеска триумфираше на патеката – „Сахсенринг со што ја забележа 57-та победа во Саксонија или вкупно 83-та во кариерата. Мигел Оливеира од „КТМ Рејсинг“ заврши втор додека возачот на „Јамаха“, Фабио Квартараро се најде на третото место на подиумот. Квартараро води во генералниот пласман со 131 бод . ГП сезоната ќе продолжи наредниот викенд…
