Author: dino

Фудбалската федерација на Македонија се соочува со казна од УЕФА за можно кршење на здравствените правила од страна на нејзините играчи на ЕВРО 2020, иако тимот  е елиминиран од првенството. Надлежниот орган на Европската фудбалска асоцијација веќе ја заврши истрагата за наводно „лошо однесување и потенцијално кршење на здравствените протоколи“ од страна на играчите на ЕВРО 2020. Тоа се однесува на земање брис од играчи во Амстердам во саботата (19 јуни) за задолжителни тестови COVID-19, две дена пред мечот со Холандија, објави попладнево Германската новинска агенција (DPA). Евентуалните санкции на УЕФА ќе бидат против федерацијата на Северна Македонија, а нема…

Read More

Британската влада и УЕФА постигнаа договор за условите под кои странските ВИП лица што ќе бидат дел од финалето на Европското првенство ќе останат во Лондон без да мора да бидат во карантин од 10 дена. Новинарот на „Тајмс“, Мартин Зиглер, открива дека 2.500 лица ќе може слободно да присуствуваат на тренинг сесии, прес-конференции, промотивни настани и финалето на 11 јули, но, надвор од тие локации ќе мора да останат изолирани во хотелската соба. Англија моментално бара карантин за секој странец што влегува на нејзина територија. Сепак, УЕФА се закани дека доколку не се направи исклучок за ВИП гостите за…

Read More

Пред натпреварот Германија-Унгарија во Минхен многу се зборуваше за потегот на домаќинот кој побара дозвола – „Алијанц-Арена“,  да биде осветлена во боите на виножитото. УЕФА го одби тоа а Германците се разочарани затоа што на тој начин се дискриминираат човековите права и слободи. Искусниот германски дефанзивец Матс Хумелс на денешната прес-конференцијата се појави во маица на Адидас со натпис „Љубовта обединува“ и меѓу другото зборуваше на таа тема. „Уште кога пристигнав во тренинг кампот, ја имав маичката. Требаше да биде засилена со фактот дека првиот активен играч во НФЛ призна дека е хомосексуалец. Тоа е сосема нормално во светот на…

Read More

Италијанскиот тренер Антонио Конте  потенцира дека постојат четири фаворити за титулата и не очекува изненадување на Европското првенство. Тој не ја вброи Англија меѓу земјите кои треба да се борат за посакуваниот трофеј. „Мислам дека никој од аутсајдерите нема шанси да го освои првенството. Најсериозни кандидати се Франција и Германија поради составите со кои располагаат и искуството. Тука е Белгија под услов Де Брујне и Витсел да играат во топ форма и секако Италија“ – вели Конте. „Италијанските репрезентативци покажаа континуитет и самодоверба, нема љубомора во тимот затоа што некој игра а друг не, заедништвото е многу значајно ако сакате…

Read More

Нашиот фудбалски репрезентативец, Езгјан Алиоски. преку социјалните мрежи се збогува со Горан Пандев и Игор Ангеловски кои ја напуштија селекцијата по настапот на Европското првенство. Пандев стави крај на кариерата во националниот тим а договорот на Ангеловски истекува на крајот на месецов. „Горан Пандев, ти отсекогаш си бил вистинска инспирација за мене и секогаш ќе бидеш. Игор Ангеловски, во овие шест години заедно, ти направи да испишеме историја! Не може да се опише со зборови колку сум ти благодарен“ –  напиша Алиоски на социјалните мрежи.

Read More

Хрватска и Шкотска доцна вечер од 21.00 часот ќе ги одмерат силите на стадионот –  „Хемден парк“ во Глазгов во натпревар од последното 3 коло во групата Д на Европското првенство. Шкотскиот селектор, Стив Кларк, ќе го нема Били Гилмор, кој е заразен со корона-вирус додека неговиот колега, Златко Далиќ, ќе може да ги изнесе на теренот најдобрите. Шкотска загуби од Чешка а потоа ремизираше со Англија на „Вембли“. Во исто време, Хрватска започна со пораз од Англија и реми со Чешка. Хрватска: Ливаковиќ, Врсаљко, Ловрен, Вида, Гвардиол, Модриќ, Ковачиќ, Перишиќ, Крамариќ, Брекало, Ребиќ. Шкотска: Маршал, Тирни, Хенли, Хендри, Робертсон,…

Read More

Англија и Чешка денеска ќе се сретнат во битка за првото место во групата Д. Натпреварот на стадионот – „Вембли“ е од 21.00 часот. Д осега Чешка забележа победа против Шкотска со 2:0 а против Хрватска одигра 1:1. Англичаните ја совладаа Хрватска со 1:0  и одиграа без голови во дербито со Шкотска. Бидејќи двете земји имаат по 4 бодови, нерешениот резултат  ќе и биде доволен на Чешка да заврши како победник во групата поради подобрата гол-разлика. Веројатни состави Чешка: Ваклик, Цуфал, Челустка, Калас, Боржил, Холеш, Соучек, Масопуст, Дарида, Јанкто, Шик. Англија: Пикфорд, Шоу, Мегваер, Стоунс, Вокер, Хендерсон, Рајс, Рашфорд, Гриниш,…

Read More

Капитенот на Холандија, ,Џорџинио Вајналдум, кој погоди два пати на вчерашниот меч со Македонија на Европското првенство, побара максимална мотивираност од сите играчи во репрезентацијата. „Треба да бидеме фокусирани на настаните на теренот. Имавме одредени проблеми против Македонија. Сега не чекаат потешки мечеви“ – вели Вајналдум. „Првото место во групата треба да ни даде самодоверба. Треба да одиграме на повисоко ниво во наредните мечеви“ – вели репрезентативецот на „лалињата“.

Read More

Селекторот на фудбалерите на Белгија, Роберто Мартинез го пофали целиот тим по успехот над Финска со 2: 0 на последниот натпревар од групната фаза. „Научивме многу за нас. Мислам дека игравме добро во првото полувреме, но, мора да им оддадеме почит на Финците кои добро се бранеа“ – вели Мартинез. „Јас сум многу задоволен што Кевин де Бруин започна како стартер. Аксел Вицел претходно не играше. Среќен сум што двајцата играа заедно речиси 90 минути. Јас исто така сум задоволен од постигнатото“  – вели Мартинез.

Read More

Англиските репрезентативци, Мејсон Маунт и Бен Чилвел се во изолација и нема да играат на денешниот натпревар  против Чешка. Двајцата се надвор од ростерот бидејќи по мечот со Шкотска имале контакт со  Били Гилмор, кој вчера доби позитивен тест за Ковид-19. Иако тестовите на Маунт и на Чилвел се негативни, тие за секој случај ќе бидат одделени од групата на „трите лава“. Англичаните соопштија дека по веста за Гилмор, сите 26 репрезентативци кои беа тестирани се негативни на корона-вирусот.

Read More