Author: dino

Поранешниот фудбалер, Мартин Кион, кој една деценија го носеше дресот на „гордиот албион“ вели дека Рахим Стирлинг може да биде човекот на одлука на утрешното финале меѓу Англија и Италија. Според него, брзоногиот фудбалер може да ја разбие дефанзивната двојка на „аѕурите“, Кијелини – Бонучи. „Статистиката вели дека никој не направил повеќе дриблинзи на ЕП од Стирлинг. Кјелини и Бонучи ќе се скаменат кога ќе го видат Стерлинг како трча кон нив, Кејн пак како центарфор ќе ги „изеде“ тие стари стопери“ – вели Кион. „Италија има историја на дефанзивци кои играат добро во триесеттите години. Франко Барези тоа го…

Read More

Ешли Барти, за прв пат во кариерата го освои тенискиот турниор  –„Вимблдон“ откако во денешното финале во Лондон ја совлада Каролина Плишкова во три сета. Тенисерката од Австралија која победи во 2019 на терените на Роланд Гарос, денеска имаше можност да се израдува на вториот грен слем трофеј во кариерата. Таа е првата тенисерка од Австралија со титула на англиската трева по 41 година. Тоа претходно го направи Ивон Гулагонг. Плишкова која денеска го одигра второто грен слем финале во кариерата и понатаму нема трофеј.

Read More

Герет Саутгејт ќе стане витез доколку Англија победи во финалето на УЕФА Евро-турнирот 2020. Под водство на Саутгејт, тимот за прв пат по 55 години стигна до финалето на еден голем фудбалски турнир. Покрај Саутгејт, може да бидат прогласени за витези и капитенот Хари Кејн и еден од најдобрите играчи на Англија, Рахим Стирлинг, пренесува „Телеграф“. Само двајца менаџери во Англија се одликувани со витешка титула. Тоа се:  Алф Ремзи, кој му помогна на тимот да го освои Светското првенство во 1966 година и Боби Робсон, кој ја предводеше Англија до полу-финалето на СП 1990 година.

Read More

Фудбалскиот состав Ливерпул, ќе направи напор да го купи крилото на Вулверхемптон, Адама Траоре, тврди денеска  – „Фудбал инсајдер“. Според изворот, „волците“ се подготвени да ги слушнат понудите за Траоре бидејќи неговиот договор истекува за две години. „Црвените“ изразиле подготвеност да платат околу 25 милиони фунти а Вулверхемптон сака двојно повеќе. Минатото лето се шпекулираше дека Ливерпул ќе даде понуда за Траоре, но тогаш „црвените“  изненадија со трансферот на друг играч на Вулверхемптон – Диого Јота. Португалецот направи брилијантна прва сезона на стадионот-  „Енфилд“.

Read More
NBA

Кошаркарите на Феникс по втор пат ја искористија предноста на домашниот терен и поведоа со 2-0 во финалето на НБА лигата. Тие во текот на ноќта славеа против Милвоки со 118 спрема 108 благодарение на одличната игра во втората четвртина. Кај домаќинот се издвои Девин Бакер со 31 постигнат поен, пет скока и шест асистенции. До него беше Бриџис со 27 поени додека Пол постигна 23 поени и направи осум асистенции. Во редовите на Милвоки Јанис Адетокумбо направи  дабл-дабл со 42 поена и 12 скока. Финалната серија во НБА лигата од понеделник ќе се пресели во арената на  Милвоки.

Read More

Поранешниот германски репрезентативец, Дитмар Хаман, процени дека напаѓачот на Англија, Рахим Стирлинг, одглумил пенал на мечот со Данска и дека тоа дава лош пример за младите фудбалери. „Англија отиде во финалето со непостоечки пенал. Англичаните секогаш се прават горди дека се дом на фер-плејот и дом на фудбалот во кој нема симулација и глума“ – вели Хаман. „Сите се сеќаваме дека го исмејуваа Јирген Клинсман кога тој се обидуваше да глуми во Англија.  Многу млади деца го гледаа мечот и видоа што се случи на „Вембли“, не сакаме да даваме таков пример“ – потенцира Хаман

Read More

Поранешниот дефанзивец на Англија, Гери Невил го прокоментира претстојното финале на Евро 2020 меѓу „Трите лава“ и Италија. Тој верува дека најважен играч на овој натпревар за домаќините ќе биде Рахим Стирлинг. „Да ме прашавте пред пет денови, ќе кажев дека нашиот најзначаен играч на турнирот е Пикфорд.  Имаше одлични одбрани. Лук Шо беше неверојатен, Кајл Вокер исто така брилијантен. Калвин Филипс доминираше на средината на теренот“ – вели Невил. „Сега ќе мора да најдеме начин да ги разделиме Киелини и Бонучи, можеме да го користиме Стирлинг за да напаѓаме покрај нив. Тој мора да биде клучот за успех бидејќи…

Read More

Дефанзивецот на Италија, Џорџо Киелини, вели дека се остварува сонот на селекторот, Роберто Манчини, кој три години наназад ги „убедувал“ репрезентативците дека можат да бидат европски шампиони. „Кога ни рече дека треба да размислуваме за титулата ЕП 2020, мислев дека е луд, но, сега сме на еден сантиметар од трофејот “ – призна Киелини кој откри дека е изненаден од елиминацијата на Франција. „Мислевме дека ќе се сретнеме со Франција а не со Шпанија во полуфиналето. Тие беа големи фаворити затоа што имаат класа и искуство. Мислев дека Франција е едно ниво над другите, замислив дека нашиот пат до финалето…

Read More

Фудбалерите кои играат во  Серија „А“ имаат постигнато најмногу голови на мечевите на Европското првенство на кое се чека уште финалето меѓу Англија и Италија. Играчите од италијанскиот шампионат постигнаа – 36 голови, од Премиер лигата 29 погодоци а од Бундес-конкуренцијата само 1 гол. Ѕвездите на шпанската Ла Лига имаа 9 прецизни удари. Следат француската Лига 1 (7 гола) и португалската Примера лига (3 гола). Претставниците на шампионатите на Белгија, Холандија, Русија и Хрватска постигнаа по два гола а играчите од шампионатите на: Турција, Унгарија, Шкотска, Словачка, Чешка, Украина и Кина постигнаа по еден гол.

Read More

Еден од кандидатите за селектор на руската фудбалска репрезентација е Јоаким Лев, кој ја напушти германската репрезентација по ЕП 2020. На 2 јули, Рускиот фудбалски сојуз започна да бара кандидат за функцијата главен тренер а на списокот се двајца Руси и пет странци. Во исто време, сегашниот селектор, Станислав Черчесов, сè уште не поднел  оставка. Руската репрезентација не успеа да ја надмине групната фаза на Европското првенство. „Зборнаја“ претрпе два убедливи пораза од Белгија и Данска и ја победи Финска со минимален резултат

Read More