Францускиот напаѓач, Антоан Гризман, може да добие понуда да заигра како позајмен во екипата на Челзи, најавија медиумите во Англија. „Сините“ сакаат да ја засилат навалната линија а тука во преден план се наметнува играчот на Барса. Шпанците соочени со големи финансиски проблеми се ослободија од неколку играчи, но, на списокот и натаму се имињата на Гризман, Филипе Кутињо и Осман Дембеле. Челниците од „Стемфорд Бриџ“ доколку успеат во намерата да го ангажираат 30-ет годишниот фудбалер ќе мора да му ја покријат и целата плата.
Author: dino
Челниците на фудбалскиот состав, Манчестер Сити, сакаат да го ангажираат напаѓачот на Саутемптон, Дени Ингс, наведуваат медиумите во Англија . Шампионот на Премиер-лигата се раздели со Серхио Агуеро и затоа се обидува брзо да пронајде негова замена бидејќи на таа позиција остана само Габриел Хесус. Сепак, клубот не сака да даде огромна сума за играч како Хари Кејн или Ерлинг Халанд што значи дека Ингс би можел да биде профитабилен трансфер. Во исто време, фудбалерот одби да потпише нов договор со Саутемптон затоа што сака да игра во поголем клуб. Тој има договор до наредното лето и „светците“ немаат многу…
Извршниот директор на УЕФА , Мартин Кален, му се заблагодари на Санкт Петербург за домаќинството на натпреварите на Евро 2020 година . Градот беше домаќин на седум натпревари на турнирот од 12 јуни до 2 јули. „Честитки за домаќинот на седум прекрасни натпревари на Европското првенство во фудбал во Санкт Петербург, неверојатно достигнување. Последните неколку недели беа многу интензивни за сите вклучени во овој проект“ – вели Кален. „Би сакал да се заблагодарам за сите напори што ги вложивте. Покажавте што може да се постигне кога посветени и мотивирани луѓе работат заедно како тим, кога ги делат истите цели и…
Една од најмаркантните фудбалски личности во историјата на Италија, Дино Зоф, имаше само пофални зборови за селекторот на „аѕурите“, Роберто Манчини. „Тој е искусен тренер, знае фудбал и има стекнато искуство и во странство“, рече поранешниот голман, кој го освои ЕУРО во 1968 година и загуби во финалето како тренер во 2000 година. „Неговиот менаџмент е исклучителен. Се надевам дека ќе остане долго време, континуитетот е од суштинско значење за репрезентацијата. Ние имаме квалитет, искуство, карактер. Можеме да победиме„ – вели Зоф.
На Европското фудбалско првенство кое ќе заврши денеска со финалето Англија- Италија, се повредија 30 фудбалери од 18 репрезентации. Тоа значи дека според правилникот, ФИФА, ќе треба да им исплати на нивните клубови 16,7 милиони евра. Од тие пари 7,5 милиони евра ќе отидат кај Интер како компензација за нивниот играч Кристијан Ериксен кој колабираше на мечот со Финска. Фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле, кој беше дел од селекцијата на Франција ќе мора да паузира четири месеци. Каталонците како компензација за неговото отсуство ќе добијат 3,2 милиони евра.
Италија и Англија од 21 часот на Вембли ќе го одиграат големото финале на ЕП. Англичаните ќе се обидат да го освојат првиот трофеј после 1966. година кога на домашен терен го освоија Светското првенство. Денешното финале се игра на истото место на нов стадион на кој ќе има околу 68.000 навивачи. За Италијанците се резервирани 8000 места. Англија во елиминациите ги победи Германија со 2:0, Украина со 4:0 и Данска со 2:1 по продолженијата. Италија откако беше супериорна во групната фаза, нанижа победи со Австрија со 2:1 по продолженијата, Белгија (2:1) а во полуфиналето по изведување на пеналите беше…
Англија и Италија денеска од 21.00 часот на стадионот – „Вембли“ во Лондон пред околу 68.000 фанови ќе го одиграат финалниот меч на Европското фудбалско првенство. Улогата на главен судија ќе ја има Бјорн Кујперс (Холандија). Италијанците ќе бидат без Леонардо Спинацола кој се повреди на натпреварот против Белгија, додека кај Англичаните под знак прашалник е настапот на Фоден. Веројатни состави: Италија: Донарума, Емерсон, Кјелини, Бонучи, Ди Лоренцо, Барела, Жоржињо, Верати, Инсиње, Имобиле, Киеза. Англија: Пикфорд, Лук Шо, Мегваер, Стоунс, Волкер, Рајс, Филипс, Стерлинг, Маунт, Сака, Кејн. Англија првпат игра финале на Европско првенство а 55 години чека на голем…
Иако шпанската фудбалска репрезентација го заврши настапот на ЕП, италијанскиот тренер Фабио Капело го пофали селекторот Луис, Енрике. Капело откако направил анализа на ЕП, не ја пропушти шансата да го издвои младиот Педри како фудбалер кој е откритие на шампионатот. „Јас сум многу среќен за него (Луис Енрике). Шпанија одиграмногу добро и над сè, тој ја постави основата за наредните турнири. Тој изгради многу млада репрезентација со голема иднина и вистинско откритие како што е Педри. Тој е едноставно спектакуларен фудбалер, -истакна Капело за Марка.
Хитот од 1996 година за Европското првенство во Англија – „се враќам дома“, повторно стана популарен и се претвори во неофицијална химна за англиските навивачи за време на Евро 2020. Пејачот на песната, Френк Скинер, откри дека имало предлог тој да настапи утре пред финалето на Вембли, но, УЕФА одбила. „УЕФА не го дозволи тоа со образложение дека е премногу пристрасно и нема да биде фер кон Италијанците. Се прашувам зошто дозволи на воведниот натпревар на Италија против Турција, да се појави италијанскиот тенор, Андреа Бошеј”, изјави Скинер за – „Sky Sports”.
Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, вели дека Италија е одлична репрезентација и дека очекува фантастично финале на Европското првенство. „Тоа е одлична можност и многу голем натпревар за нас. Чувството е различно од финалето на Лигата на шампионите – ние сме на Вембли, дома сме, ќе биде убава атмосферата“ – вели Хендерсон. „Италија е фантастичен тим. На натпреварите што ги гледав, тие изгледаа толку силно во одбраната, но имаат и исклучителни играчи на предните позиции“ – додаде англискиот репрезентативец.
